Сакраменто: Пожарот е повеќе од двојно зголемен за 24 часа и досега изгоре повеќе од 141.640 хектари северно од главниот град на Калифорнија, Сакраменто, соопшти локалната служба за заштита од пожари.
Во регионот се очекуваат пониски температури, што може да помогне во напорите за забавување на ширењето на пожарот. До утрото пожарот беше локализиран само на десет отсто од погодената област.
Пожарот уништи 134 објекти, соопштија локалните власти.
Издадени се наредби за евакуација за повеќе заедници во неколку окрузи, како и предупредување за градот Передајз кој во 2018 година беше уништен од најлошите шумски пожари во историјата на Калифорнија.