Потпретседателката на САД, Камала Харис (57) е позитивна на коронавирус, објави Белата куќа.
Харис нема никакви симптоми и ќе биде во самоизолација во својата резиденција и од таму ќе ги извршува своите обврски до добивање на негативен тест.
„Претседателот Џо Бајден и неговата сопруга Џил не биле во близок контакт со Харис во последните денови“, додадоа од Белата куќа.
Харис прими четири дози од вакцината против коронавирус, последната на 1 април.