Европскиот ден на јазиците, се одбележува секоја година почнувајќи од 2001-та до денес во организација на Европската комисија и на Советот на Европа. Советот на Европа на овој начин помага да се промовира широкиот спектар на подигнување на свеста во сите свои 47 земји-членки преку кампањата „Зборувај со мене!“ предводена од Европскиот центар за модерни јазици во Грац, Австрија. Настаните се фокусираат на поттикнување на луѓе од сите возрасти, во и надвор од училиштето- да се вратиме на учењето на јазици, со цел да се одбележи културната и јазичната разновидност.