Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кампањата за абортус – зла намера со наши пари

0
By Сашка Цветковска on September 7, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Новиот владин спот кој треба да послужи за граѓаните да се едуцираат за штетноста од последиците од абортусот предизвика остри реакции на социјалните мрежи откако некој видеото го постави на интернет. Сцената во спотот се одвива во болнички ходник каде што на момчето кое чека неговата партнерка да абортира насмеаната сестра му се обраќа со зборовите „Честитам, убивте здраво бебе кое можеше да прерасне во прекрасно момче или девојка“.

Ако се суди по реакциите на социјалните мрежи спотот веќе си го заработи епитетот „контроверзен“ и „навредлив“. НОВА побара коментар од Ирена Цветковиќ, активист за женски права и магистер по родови студии, но и едно од водечките лица во отпорот кој жените го дадоа пред неколку месеци кога владата ги донесе контроверзните измени во законот за прекин на бременоста.

„Последниот пример на пропагандниот глас на оваа влада има само една цел: да ги навреди жените кои го искористиле или планираат да го искористат своето репродуктивно право и нивните партнери нарекувајќи ги- убијци. И тоа е единствената цел која овој спот ја има и ќе ја постигне. Да биде уште пострашно, оваа зла намера е остварена со наши пари.
-Истовремено владата надвор од нивната мрачна пропаганда ја нуди медицинската интервенција- прекин на бременост- како услуга на јавното здравство. Очекувам Министерот за здравство веднаш да побара исмена на законот за прекин на бременост за преименување на истиот во- закон за убиство“, вели Цветковиќ.

Овој не е единствениот спот од кампањата за промоција на семејните вредности која беше најавена на почетокот на годинава, а за чија што изработка се предвидени 500.000 евра.
Огромните суми кои Владата ги троши на реклами, како и целисходноста на кампањите често се мета на остри критики и обвинувања за злоупотреба на државните ресурси за промотивни цели, протекционизам помеѓу избраните агенции, особено агенцијата Република, тазе фирма која се прослави како прв избор за соработник во сите владини кампањи. Рекламната “треска” на Владата започна во 2008 година. 11 кампањи во само една година буџетот го чинеа речиси 7 милиони евра. Сумите во табелите кои следат подолу се во евра.

Се разбира, маркетинг активностите не престануваат тука. Засега, кампањата за промоција на семејните вредности е првиот половина милион кој се потроши годинава. Еве колку пари се потрошија изминатите три години на разноразни кампањи, од промоција на реформи во одделни области, па се до поттикнување на креативните мисли кај граѓаните.

Табелите погоре ги претставуваат само парите кои се потрошени преку Генералниот секретаријат на Владата. Ниту останатите институции не останаа имуни на рекламната “треска”.

Наголемо се рекламираат активности на министерства, општини и јавни претпријатија, а се оди дотаму што некои од рекламите се тотално апсурдни во смисла на цел. Како на пример, кампањите на Електраните на Македонија – запознавање на граѓаните со нивните активности. Еве ги топ 4 институциите кои потрошиле најмногу пари за рекламирање.

Европската комисија во Јуни побара извештај од македонската влада за парите потрошени на кампањите и рекламите платени во медиумите со државни пари. Извештајот требаше да содржи список на сите реклами кои биле нарачани од владините институции, а беше побаран од ЕК по критиките и сомневањата во јавноста дека овие реклами се користени за поткупување на медиумите и нивно ставање во функција на поддржувачи на владините политики.

Некои медиуми во повеќе наврати бараа од владата информација за тоа колку пари се потрошени на владините кампањи како и за тоа по кои критериуми тие беа дистрибуирани во медиумите. Ниту еден од медиумите кои се обратија со вакви барања не добија одговор. Според информациите со кои во јавноста излегоа некои од новинарските здруженија, ЕК се уште не го добила одговорот од секретаријатот за европски прашања каде одговорен е Фатмир Бесими.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.