Страствената расправија помеѓу двајца Руси околу филозофијата на германскиот филозоф Емануел Кант завршика со пукање, јавува Асошиејтед Прес.
Двајцата млади Руси на возраст од околу 20 години чекале ред во продавница за да купат пиво во рускиот град Ростов. За да ја „убијат“ здодевноста од чекањето започнале дискусија околу делото на Кант „„Критика на чистиот ум“.
Но, вкрстувањето на аргументите станало толку тензично, што двајцата младичи најпрво се степале, а по тупаниците дошле и истрелите кога еден од нив извадил мал пиштол и испукал неколку куршуми во противникот.
Руската полицијата информира дека повредениот е во добра состојба, но заинтересираните медиумите не добиле одговор околу која идеја на „Кант“ пукнала тиквата. Младичот кој пукал се соочува со казна затвор од 10 години.
Во прилог, НОВА ви претставува едно сатирично видео посветено на филозофите во монтипајтонски стил