Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Карин во Давос: Се наоѓаме среде распад – ова време е пресвртница за Канада и за светот

0
By Zoran Ivanov on January 21, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 21, 2026 13:29

Знаевме дека приказната за меѓународниот поредок заснован на правила делумно беше невистинита. Дека најсилните ќе се изземат кога им одговара. Дека трговските правила се спроведуваа асиметрично. И дека меѓународното право се применуваше со различна строгост, зависно од идентитетот на обвинетиот или на жртвата.

За арктичкиот суверенитет, стоиме цврсто со Гренланд и Данска и целосно го поддржуваме нивното уникатно право да ја определат иднината на Гренланд. Нашата посветеност на член 5 е непоколеблива.

Моќните ја имаат својата моќ. Но и ние имаме нешто – капацитет да престанеме да се преправаме, да ја именуваме реалноста, да ја изградиме нашата сила дома и да дејствуваме заедно.

 

Марк Карни

 

Ќе зборувам за распадот на светскиот поредок, за крајот на една убава приказна и за почетокот на една брутална реалност во која геополитиката меѓу големите сили не подлежи на никакви ограничувања.

Но, исто така ви посочувам дека другите држави, особено средните сили како Канада, не се немоќни. Тие имаат капацитет да изградат нов поредок што ги отелотворува нашите вредности, како почитување на човековите права, одржлив развој, солидарност, суверенитет и територијален интегритет на државите.

Моќта на помалку моќните започнува со искреност.

Секој ден нè потсетуваат дека живееме во ера на ривалство меѓу големите сили. Дека поредокот заснован на правила исчезнува. Дека силните го прават тоа што можат, а слабите го трпат тоа што мораат.

Овој афоризам на Тукидид се претставува како неизбежен – како природна логика на меѓународните односи која повторно се наметнува. И соочени со таа логика, постои силна тенденција државите да се приспособат за да опстанат. Да се прилагодат. Да избегнат проблеми. Да се надеваат дека усогласеноста ќе купи безбедност.

Нема.

Па, кои се нашите опции?

Во 1978 година, чешкиот дисидент Вацлав Хавел напиша есеј наречен Моќта на немоќните. Во него, тој постави едноставно прашање: како комунистичкиот систем се одржувал?

Неговиот одговор започна со еден продавач на зеленчук. Секое утро, овој трговец става натпис на својот излог: „Работници од светот, обединете се!“ Тој не верува во тоа. Никој не верува. Но сепак го става натписот – за да избегне проблеми, да покаже усогласеност, да „се вклопи“. И бидејќи секој продавач на секоја улица го прави истото, системот опстојува.

Не само преку насилство, туку и преку учеството на обичните луѓе во ритуали за кои приватно знаат дека се лажни.

Хавел ова го нарече „живеење во лага“. Моќта на системот не доаѓа од неговата вистина, туку од подготвеноста на сите да се однесуваат како да е вистина. А неговата кршливост доаѓа од истиот извор: кога дури и еден човек ќе престане да учествува — кога продавачот ќе го тргне натписот — илузијата почнува да пука.

Време е компаниите и државите да ги тргнат своите натписи.

Со децении, држави како Канада напредуваа во рамките на она што го нарекувавме меѓународен поредок заснован на правила. Се приклучивме на неговите институции, ги фалевме неговите принципи и имавме корист од неговата предвидливост. Можевме да водиме надворешни политики засновани на вредности под неговата заштита.

Знаевме дека приказната за меѓународниот поредок заснован на правила делумно беше невистинита. Дека најсилните ќе се изземат кога им одговара. Дека трговските правила се спроведуваа асиметрично. И дека меѓународното право се применуваше со различна строгост, зависно од идентитетот на обвинетиот или на жртвата.

Оваа фикција беше корисна, а американската хегемонија, особено, помогна да се обезбедат јавни добра: отворени морски патишта, стабилен финансиски систем, колективна безбедност и поддршка на рамки за решавање спорови.

Затоа го ставивме натписот на излогот. Учествувавме во ритуалите. И во голема мера избегнувавме да ги посочуваме празнините меѓу реториката и реалноста.

Овој договор повеќе не функционира.

Ќе бидам директен: се наоѓаме среде распад, а не транзиција.

Во изминатите две децении, низа кризи во финансии, здравство, енергија и геополитика ги оголија ризиците од екстремна глобална интеграција.

Поново, големите сили почнаа да ја користат економската интеграција како оружје. Царините како притисок. Финансиската инфраструктура како присила. Синџирите на снабдување како ранливости што можат да се искористат.

Не можете да „живеете во лага“ на заемна корист преку интеграција, кога интеграцијата станува извор на ваша потчинетост.

Мултилатералните институции на кои се потпираа средните сили — СТО, ОН, COP – архитектурата на колективно решавање проблеми – се значително ослабени.

Како резултат, многу држави извлекуваат исти заклучоци. Мора да развијат поголема стратешка автономија: во енергија, храна, критични минерали, во финансии и синџири на снабдување.

Овој импулс е разбирлив. Држава што не може да се нахрани, да се снабди со енергија или да се одбрани има малку опции. Кога правилата веќе не ве штитат, мора да се заштитите сами.

Но, да бидеме реални каде води ова. Свет на тврдини ќе биде посиромашен, покршлив и помалку одржлив.

И постои уште една вистина: ако големите сили се откажат дури и од претензата на правила и вредности за непречено следење на својата моќ и интереси, добивките од „трансакционизмот“ стануваат потешки за повторување. Хегемоните не можат постојано да ги монетизираат своите односи.

Сојузниците ќе диверзифицираат за да се заштитат од неизвесност. Ќе купуваат осигурување. Ќе ги зголемуваат опциите. Ова го обновува суверенитетот – суверенитет кој некогаш беше заснован на правила, но сè повеќе ќе биде закотвен во способноста да се издржи притисок.

Како што реков, таквото класично управување со ризици има цена, но таа цена на стратешка автономија, на суверенитет, може и да се сподели. Колективните инвестиции во отпорност се поевтини отколку секој да гради своја тврдина. Заедничките стандарди ја намалуваат фрагментацијата. Комплементарностите создаваат позитивен збир.

Прашањето за средните сили, како Канада, не е дали да се приспособат на оваа нова реалност. Мораме. Прашањето е дали ќе се приспособиме така што едноставно ќе изградиме повисоки ѕидови – или ќе направиме нешто поамбициозно.

Канада беше меѓу првите што го слушна алармот, што нè наведе фундаментално да ја смениме нашата стратешка позиција.

Канаѓаните знаат дека нашата стара, удобна претпоставка дека нашата географија и членството во сојузи автоматски носат просперитет и безбедност повеќе не важи.

Нашиот нов пристап се темели на она што Александар Стуб го нарече „реализам заснован на вредности“ – или, кажано поинаку, целиме да бидеме принципиелни и прагматични.

Принципиелни во нашата посветеност на фундаменталните вредности: суверенитет и територијален интегритет, забрана на употреба на сила освен кога е во согласност со Повелбата на ОН, почитување на човековите права.

Прагматични во признавањето дека напредокот често е постепен, дека интересите се разликуваат, дека не секој партнер ги дели нашите вредности. Се ангажираме широко, стратешки, со отворени очи. Активно се соочуваме со светот каков што е, а не да чекаме свет каков што би сакале да биде.

Канада ги калибрира нашите односи така што нивната длабочина ги одразува нашите вредности. Го приоритизираме широкиот ангажман за да го максимизираме нашето влијание, со оглед на флуидноста на светскиот поредок, ризиците што тоа ги носи и влоговите за она што следува.

Повеќе не се потпираме само на силата на нашите вредности, туку и на вредноста на нашата сила.

Ја градиме таа сила дома.

Откако мојата влада стапи на функција, ги намаливме даноците на доход, капитални добивки и деловни инвестиции, ги отстранивме сите федерални бариери за меѓупровинциска трговија и ја забрзуваме реализацијата на инвестиции од еден трилион долари во енергија, вештачка интелигенција, критични минерали, нови трговски коридори и многу повеќе.

Го удвојуваме нашето трошење за одбрана до 2030 година и тоа го правиме на начини што ги зајакнуваат нашите домашни индустрии.

Брзо се диверзифицираме и во странство. Договоривме сеопфатно стратешко партнерство со Европската унија, вклучително и приклучување кон SAFE, европските аранжмани за набавка во одбраната.

Потпишавме уште дванаесет трговски и безбедносни договори на четири континенти во последните шест месеци.

Во изминативе неколку дена, склучивме нови стратешки партнерства со Кина и Катар.

Преговараме за договори за слободна трговија со Индија, ASEAN, Тајланд, Филипини, Меркосур.

За да помогнеме во решавање на глобалните проблеми, следиме „варијабилна геометрија“ различни коалиции за различни прашања, засновани на вредности и интереси.

За Украина, ние сме клучен член на Коалицијата на подготвените и меѓу најголемите придонесувачи по глава на жител за нејзината одбрана и безбедност.

За арктичкиот суверенитет, стоиме цврсто со Гренланд и Данска и целосно го поддржуваме нивното уникатно право да ја определат иднината на Гренланд. Нашата посветеност на член 5 е непоколеблива.

Работиме со нашите НАТО сојузници (вклучително и Нордиско–балтичката осумка) за дополнително да ги обезбедиме северните и западните крила на алијансата, вклучително и преку невидени канадски инвестиции во радар „над хоризонтот“, подморници, авиони и присуство на терен. Канада силно се противи на царини во врска со Гренланд и повикува на фокусирани разговори за да се постигнат заедничките цели на безбедност и просперитет за Арктикот.

За плурилатералната трговија, ги предводиме напорите да се изгради мост меѓу Транс–пацифичкото партнерство и Европската унија, создавајќи нов трговски блок од 1,5 милијарди луѓе.

За критичните минерали, формираме „клубови на купувачи“ закотвени во Г7 за светот да може да се диверзифицира од концентрираното снабдување.

За вештачката интелигенција, соработуваме со истомислечки демократији за да осигуриме дека на крај нема да бидеме принудени да избираме меѓу хегемони и хиперскалери.

Ова не е наивен мултилатерализам. Ниту потпирање на ослабени институции. Ова е градење коалиции што функционираат, прашање по прашање, со партнери кои споделуваат доволно заедничка основа за да дејствуваат заедно. Во некои случаи, тоа ќе биде огромното мнозинство држави.

И тоа создава густа мрежа на врски преку трговија, инвестиции, култура, на кои можеме да се потпреме за идни предизвици и можности.

Средните сили мора да дејствуваат заедно затоа што ако не сте на масата, сте на менито.

Големите сили можат да си дозволат да одат сами. Тие имаат големина на пазарот, воена способност, влијание да диктираат услови. Средните сили не можат. Но кога преговараме само билатерално со хегемон, преговараме од позиција на слабост. Го прифаќаме тоа што ни се нуди. Се натпреваруваме меѓу себе кој ќе биде најпопустлив.

Ова не е суверенитет. Тоа е изведба на суверенитет додека се прифаќа потчинетост.

Во свет на ривалство меѓу големите сили, државите „помеѓу“ имаат избор: да се натпреваруваат меѓусебно за наклонетост или да се здружат за да создадат трет пат со влијание.

Не треба да дозволиме подемот на тврда моќ да нè заслепи од фактот дека моќта на легитимитетот, интегритетот и правилата ќе остане силна — ако одлучиме да ја користиме заедно.

И тука се враќам на Хавел.

Што би значело за средните сили да „живеат во вистина“?

Тоа значи да се именува реалноста. Да се престане со повикување на „меѓународниот поредок заснован на правила“ како да функционира како што е рекламирано. Да се нарече системот она што е: период на засилено ривалство меѓу големите сили, каде што најмоќните ги следат своите интереси користејќи ја економската интеграција како оружје на присила.

Тоа значи да се постапува доследно. Да се применуваат истите стандарди и за сојузници и за ривали. Кога средните сили ја критикуваат економската заплашување од една страна, но молчат кога доаѓа од друга, ние го држиме натписот во излогот.

Тоа значи да се гради она во што тврдиме дека веруваме. Наместо да се чека стариот поредок да се обнови, да се создадат институции и договори што функционираат како што се опишани.

И тоа значи да се намали влијанието што овозможува присила. Изградбата на силна домашна економија секогаш треба да биде приоритет на секоја влада. Меѓународната диверзификација не е само економска претпазливост; таа е материјалната основа за искрена надворешна политика. Државите го заслужуваат правото на принципиелни ставови со тоа што ја намалуваат својата ранливост на одмазда.

Канада го има она што светот го сака. Ние сме енергетска суперсила. Имаме огромни резерви на критични минерали. Имаме најобразовано население во светот. Нашите пензиски фондови се меѓу најголемите и најсофистицирани инвеститори во светот. Имаме капитал, талент и влада со огромен фискален капацитет да дејствува решително.

И ги имаме вредностите кон кои многумина други тежнеат.

Канада е плуралистичко општество што функционира. Нашиот јавен простор е гласен, разновиден и слободен. Канаѓаните остануваат посветени на одржливоста.

Ние сме стабилен, сигурен партнер — во свет што е сè само не тоа — партнер што гради и ги вреднува односите на долг рок.

Канада има и нешто друго: препознавање на тоа што се случува и решеност да постапи соодветно.

Разбираме дека овој распад бара повеќе од приспособување. Бара искреност за светот каков што е.

Го вадиме натписот од излогот.

Стариот поредок нема да се врати. Не треба да жалиме за него. Носталгијата не е стратегија.

Но од пукнатината можеме да изградиме нешто подобро, посилно и поправедно.

Ова е задачата на средните сили, кои имаат најмногу да изгубат од свет на тврдини и најмногу да добијат од свет на вистинска соработка.

Моќните ја имаат својата моќ. Но и ние имаме нешто – капацитет да престанеме да се преправаме, да ја именуваме реалноста, да ја изградиме нашата сила дома и да дејствуваме заедно.

Тоа е патот на Канада. Ние го избираме отворено и самоуверено.

И тоа е пат широко отворен за секоја држава што е подготвена да го избере со нас.“

 

Давос карни
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.