Рига: Претседателот Путин е во апсолутен шок по упадот на украинските сили во Курск, изјави поранешниот руски премиер и критичар на Путин за „Би-би-си“, Михаил, додавајќи дека ова е „сериозен психолошки удар“ за Путин.
Касјанов беше премиер на Русија меѓу 2000 и 2004 година, додека Путин беше претседател, а сега ја води опозициската партија Народна слобода од Латвија.
Путин би можел да одговори со бомбардирање на украински град или некој друг потег што може да биде многу болно за Украинците, вели Касјанов