Според најновите податоци бројот на загинати е над 100-тина, а како што информираат кинеските државни медиуми, многу згради се уништени.
Има и многу повредени, а уништени се повеќе од илјада куќи. Пожарникарите трагаат по тела под урнатините.
Според новинската агенција Синхуа, земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди северното подножје на Хималаите во близина на еден од најсветите градови на Тибет, оштетувајќи ги зградите околу Шигатсе и принудувајќи ги луѓето на улиците во соседните Непал и Индија.
Сега на социјалните мрежи се појави видео од моментот кога земјата почна да се тресе. Како што можете да видите на видеото, се почнало да се тресе, а граѓаните панично бегале.
Земјотресот во 9:05 часот по локално време или 01:05 часот по Гринич, бил на длабочина од 10 километри, соопшти Кинескиот мрежен центар за земјотреси.