Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Катастрофалниот успех од екстерното е резултат на лошите услови за живот

0
By Томе Христов on June 28, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Екстерното тестирање заврши, учениците се на годишен одмор, наставниците привршуваат, но останува генералната оценката кај сите, дека овој метод на тестирање е промашен. Во иста насока оди и катастрофалниот слаб успех од 1.93 кај децата во ПОУ „Сандо Масев“ во село Баница, струмичко. Причината надлежните ја гледаат во лошите услови за живот во руралните средини вклучувајќи го и селото Баница.

Ваквиот резултат од тестирањето опфаќа проблеми од повеќе аспекти, како што е социо-економскиот статус, семејството, средината, смета директорката на ОУ „Сандо Масев“ од Струмица, Лидија Мачукова, под чија капа е и училиштето во Баница.

„ Единствен извор на знаење на учениците е училиштето, а кога завршуваат со училишните активности, завршува и нивниот образовен процес. Проблем е што и самите родители немаат образование, ги тераат децата да работат по полињата, по пазарите и на тој начин го експлоатираат нивниот труд“, вели директорката на ОУ Сандо Масев, Лидија Манушева.

Од училиштето велат дека имаат голем проблем да ги донесат децата на училиште и дека вложуваат големи напори наставниците, со одење по нивните домови, за да бидат помалку отсутни.

Егзистенцијата и нискиот степен на образование на родителите, е исто така главен проблем за ваквиот успех и според наставничката по англиски јазик, Катарина Трајкова.

„ Наставната програма е иста како и за останатите деца, со тоа што самите ние гледаме да ја упростиме малку, за да им биде полесно со цел да извлечеме максимум од нив, но најголемиот проблем е тоа што родителите не се вклучуваат со поддршка за стекнување навика за постигнување поголем успех. Тоа е поради фактот што самите тие не завршуваат ниту основно образование и ги тераат децата да работат земјоделски работи и да продаваат по пазарите“, вели Трајкова.

Според општинскиот образовен инспектор, Зоран Узунов, квалитетот во образованието може да се мери преку различни параметри и тој да зависи од многу објективни и субјективни околности, тргнувајќи од инфраструктурата, обезбеденоста со учебници и нагледни средства, примената на современите технички помагала, методите на работа на наставниот кадар, социјални, општествени и други влијанија.

„Според постигнатиот успех на екстерното, можеме да кажеме дека се работи за објективна оценка, која го отсликува вистинскиот свет на тие деца, колку ја разбрале содржината на соодветниот наставен предмет кој им се „паднал“ на екстерното“, вели Узунов.

Според него, целите на процесот на основното образование и воспитание опфаќаат и други подрачја за развојот на личноста на ученикот, при што наставникот треба да води грижа за мотивацијата на ученикот, редовноста во наставата и активноста во наставата.

„Главна задача на наставникот во овој процес е реално-правилно да ги вреднува знаењата на ученикот, да ги определи во соодветното ниво според стандардите за наставниот предмет и да утврди соодветна оценка. Реалното знаење на овие ученици ги определило сегментите препознавање и разбирање, а во помала мера примена, анализа или креирање“, додава Узунов.
Дел од родителите кои ги сретнавме во селото Баница ни рекоа дека децата не учат и затоа имаат ваков слаб успех.

„Ние немаме време да ги насочиме кон образованието бидејќи работиме земјоделство за да можеме да егзистираме, друг начин немаме за да опстанеме. Голем број од нас немаат завршено ниту основно училиште“, вели за НОВА родител од село Баница.

Во ПОУ „ Сандо Масев“ учат 224 ученици од кои 131 се машки и 93 се женски, но постои осипување, па се помал е бројот на оние од осмо одделение.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.