Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Катимерини: Нови пречки на патот на Заев

0
By Нова ТВ on October 19, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Република С. Македонија и Албанија се надеваат дека ќе добијат официјален датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ до крајот на годината. Минатата година францускиот претседател Емануел Макрон го суспендираше процесот, но подоцна го укина ветото, откако Европската комисија воведе построга и реверзибилна процедура за пристапување во ЕУ за исполнување на условите поставени од Париз“, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Во меѓувреме, Преспанскиот договор ја отстрани грчката пречка, но премиерот Зоран Заев сега се соочува со друга пречка на патот на неговата земја до толку посакуваниот датум за почеток на преговорите: Договорот со Бугарија.

„Иако Бугарија беше прва што ја призна новосоздадената балканска држава во 1991 година под уставното име, Република Македонија и дека Заев и неговиот бугарски колега потпишаа Договор за пријателство во 2017 година дизајниран да ги реши нивните историски разлики, Софија сега се заканува да ги блокира разговорите за пристапување на Скопје во Европската унија“, стои во текстот.

Според нивниот осврт, ова лето, Бугарија издала документ под наслов „Објаснувачки меморандум за односите меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија во врска со процесот на проширување, пристапување и стабилизација на ЕУ“, што им го презентирала на владите на 26 земји-членки. Документот ја појаснува позицијата на Бугарија за многу историски спорови со С. Македонија.

„Кои се главните проблеми? Еден е јазикот што тие (Бугарите) никогаш не го признале како „македонски“, сметајќи го како дијалект на бугарскиот. Тие исто така веруваат дека идентитетот на Словените во Северна Македонија е всушност бугарски“, пишува „Катемирини“.

Во светло на претстојните парламентарни избори напролет, дел од политичката класа, предводена од вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов (и со поддршка на некои историчари), го оспорува договорот со С. Македонија.

„Заев работи на изнаоѓање компромисно решение за историските разлики за да не се нарушат односите меѓу двете пријателски земји, но длабоко во себе верува дека нема причина да се грижи за можната бугарска блокада на патот на неговата земја кон ЕУ. За Европејците и Американците, договорот меѓу Бугарија и С. Македонија и Договорот од Преспа се двата клучни столба што ги одржуваат мирот и стабилноста на Балканот“, смета грчкиот весник.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.