Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кацарска: Новинарите можат да влегуваат со мобилни телефони во судот

0
By Biljana on June 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бев изненадена кога слушнав дека на вас новинарите ви е забрането да влегувате со мобилни телефони на седниците на Судот. Тој проблем е решен, кога дознав за тоа веднаш дадов налог на генералниот секретар и веќе е известено внатрешното обезбедување дека од наредната седница ќе влегувате слободно со вашите мобилни телефони, изјави денеска претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.

Таа во изјава за медиуми по повод одржување на тркалезната маса на тема „Транспарентност и соработката на Уставниот суд со новинарите и граѓанските организации“, посочи дека Судот максимално ќе го отвори за јавноста.

„Точно е дека Судот е максимално затворен, точно е дека во последниве години наместо да се оди на отворање на Судот, се повеќе се затвораше. Затоа барав да ме информираат дали е донесена некоја одлука, заклучок, било што од страна на судиите на Уставниот суд, но ми кажаа дека нема одлука, едноставно било кажано дека веќе новинарите не смеат да користат мобилен телефон, како што реков тоа е веќе завршено“, посочи Кацарска.

Претседателката на Уставниот суд појасни дека е отворена за соработка и дека ќе најде начин Судот да биде отворен, бидејќи како што рече, јавноста мора да знае за неговата работа.

„За се друго отворена сум за соработка, се надевам дека ќе најдеме начин и барам од вас помош да ми кажете што е проблемот, каде вие наидувате на проблем со Уставниот суд и да видам што може да се направи за да судот максимално се отвори“, додаде таа.

Прашана дали истото важи и за камерите, Кацарска рече дека ова прашање ќе го истакне на првиот колегиум, а ќе го види и искуството на европските судови.

„Ова прашање околу камерите ќе го истакнам на првиот колегиум, ќе разговарам со колегите, и секако би сакала да го видам и искуството на европските судови, како е кај нив, дали е дозволено со камери да се следи судењето целосно, доколку постојат такви искуства, секако дека и тоа ќе го дозволам“, појасни Кацарска.

Таа посочи дека исто така ќе се разговара и околу делот за предметите, јавноста да има увид во повеќе информации и да знае точно за кој предмет станува збор.

„Некои новинари ми кажаа дека имате проблеми и во поглед на предметите кои се закажни за седница, наводно не можете да се снајдете да знаете за кој предмет станува збор, таму стојат броевите на предметите. И во тој дел сакам да се среди во смисла да има повеќе информации за да вие претходно знаете точно за кој предмет станува збор, кој е подносител на таа иницијатива, која одредба е во прашање и слично. Се што е спорно ќе го средуваме.Ви ветувам дека судот максимално ќе го отворам за јавноста“, додаде Кацарска.

Во однос на прашањето околу тоа дали во моментов работат само шест судии, Кацарска посочи дека генерално судот може да функционира и со пет судии. Во оваа ситуација сега работат шест судии, но проблем ќе биде, како што рече, ако на гласање не обезбедат пет гласа.

Маргарита Цаца Николовска, претседателка на Институтот за човекови права денеска пред почетокот на тркалезната маска изјави дека државата не смее да си дозволи судот да работи со шест судии.

„Колку повеќе има судии кои за одредена ситуација се произнесуваат, толку е поприсутно владеење на правото и презентирање на она за што размислуваат судиите, и дава можност да не се шпекулира со одредени ситуации и со одредени сознанија“, посочи Николовска.

Инаку, денешната тркалезна маса е дел од втората сесија наменета за новинарите, со цел да се отвори транспарентноста како проблем, во однос на работењето на Уставниот суд. Третата сесија се однесува на соработка со невладиниот сектор.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.