Засилена акциска контрола на полицијата.
Денеска полиција пишала 138 казни само на автопатот Куманово – Скопје – Велес. Се казнувале возачи кои со своите возила управувале повеќе од дозволената брзина.
– 27 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, се наведува во соопштението на МВР.
Од полицијата информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и за побезбедни патишта.