Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе дојде смртта и ќе ги има вморонските очи!

0
By Marta Pesevska on June 11, 2023 ПОЛИТИКА, СТАВ
Бранко Тричковски
Бранко Тричковски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Во натпреварот за големиот пехар на Историјата, навивам за Бугарите, затоа што само нивната победа може да ги соочи Македонците со вистината за себе, односно со катастрофата на лажните митови кои политички им се концептуализираат во современи вистини. Во смртта што ги има очите на ВМРО. Само Бугарите, сакам да кажам, можат да нѐ ослободат од нас. Натпреварот тука влегува во зоната на врвното терапевтско дејство на цинизмот и иронијата. Башка што освен конструкции и возбудливите телевизиски фељтони на Владо Поповски, добро, и по некое зрно што, како некоја кокошка, ќе го клукнеме на големото гумно на Историјата, македонската страна нема што да понуди, па, речиси, сѐ таму некаде до 1941 година. Нашиот спас е во нашиот пораз.

Меморисот на Фејсбук ме потсети на овој текст на Тричковски од 11 јуни 2019, значи, од пред точно четири години.

Денеска не би сменил ниту една запирка.

Освен што би додал едно појаснување, кое, чудно, сум пропуштил да го ставам на времето, имено, дека „Ќе дојде смртта и ќе ги има вмронските очи“ е македонизирана верзија на најпознатата песна на големиот италијански поет и антифашист, Чезаре Павезе.

Сѐ е така како што е напишано.

Смрт која доаѓа со долготрајно, тешко, неподносливо и неразбирливо измачување. Кое не е резултат на некаква страст, заблуда, идеја, идеологија, саможртва, туку е измачување кое е маскирано со тие чувства, односно ги користи тие сентименти како анестетик или како дрога.

Како путер врз шупакот на Македонија.

Како Марлон Брандо врз младата Марија Шнајдер.

И како одмазда.

Вмро е дупката од која истекува македонската национална и државотворна супстанца.

Како тоа не е јасно?

Експлозивот со кој е разнесена македонската Каховка.

Испаѓа дека смртта сме ја одбрале уште пред да се родиме.

Сме ја украле од државотворната галерија на Бугарите.

Од архивите на македонската емиграција во Софија.

Која Бугарите ја оставиле да ги негува македонските национални чувства и да се бори за слобода на својата национална татковина.

Блаблабла.

Како Радев, Каракачанов и Захариева сто и кусур години потоа.

Вербата во таа грандиозна самоизмама на инфантилната маса е смртта од песната на Павезе.

Нашата смрт.

Гаранциите што ги бара Мицкоски се на линијата на тоа измачување и на тој пораз.

Особено ако Европскиот совет реши да издаде такви гаранции.

Нашата цена и самочувство нема да бидат уништени затоа што со ништо не може да се уништи флотантната маса која решила дека не ја бива, но, сепак, полошо ќе поминеме со гаранциите отколку без нив.

Затоа што тие ќе бидат документ дека во долината на реката Вардар живеел народ кој по 80 години државен и национален развој имал потреба од гаранции.

Модар печат на ветеринарот врз месото на закланото говедо.

И жолти маркички на ушите на незакланите.

На кои ќе пишува „Македонка“. Или: „Македонец“.

Со годината на прегледот и гаранцијата: „2023“.

Така ќе ги минуваме границите.

Без пасош.

Само ќе го ставаме увото на терминалот и ќе минуваме.

Така пиел човекот што го спасил рускиот цар: имал жиг на вратот и кога порачувал вотка само ќе се чукнел по печатот што со врело железо му го удрил Петар Велики.

Хахаха!

ДУИ рекоа дека ќе излезат од владата ако вмро ги поддржи уставните промени. И од Алтернатива рекоа дека се спремни да ја напуштат владата. Сдсм излезе до пола. Шефот на кабинетот на папата Фрањо изјави дека Светиот отец е спремен да ги смени полот и верата ако тоа може да ги одоброволи вмороните да ги пуштат Бугарите во уставот на Нордот.

Можеби е паметно да ја прекинеме излудувачката мисија на малата група злосторници и хохштаплери со следниот став: Уставните промени мора да поминат како што минува времето, како закономерноста на природните феномени, какви што се изгревањето и заоѓањето на Сонцето или минувањето на Халеевата комета во близината на Ново село, штипско.

Вмро не може да го сопре вртењето на Земјата, а ако по некое чудо успее да ја закочи, како Кикифрики кој се кочел себе си со курот додека гол се спуштал по жилетот од Матка, сите ќе испопаѓаме.

Тоа е надмакедонско прашање во кое Македонците не се повикани да учествуваат со некакво ексклузивно право во врска со решението, туку со способноста да ги видат, почувствуваат и екстраполираат светските процеси.

Или да не ги почувствуваат.

Ако решат да бидат желки кои прават свадба или, уште подобро, патриотски митинг, на автопатот на историјата.

Во новата книга Валентин Нешовски проектира момент во кој човештвото има на располагање нешто повеќе од 600 години за да ја реши разликата во брзината со која се шири вселената и со која се движи светлината. Првата брзина е поголема и по 600 години ќе резултира со комплетен мрак.

Земјата ќе се оддалечи од Сонцето како Македонија од Европа и Македонецот од умот!

Благодарение на вмро Македонците се на истекот на тие шестотини години. Им се нуди решение, некакво закривување на историскиот и иден простор и влез во новите пространства во кои светлината не заоѓа трајно туку го задржува сегашниот ритам.

Живот имаат на менито.

Чипираните идиоти велат: не, ние сакаме маркички.

Гаранции.

Дуи во опозиција и на обвинителна клупа, сдсм во опозиција и на обвинителна клупа, алтернатива во опозиција и на обвинителна клупа. Поради потребите од ефикасност обвинителната клупа може да се скокне и сите директно да одат в затвор.

Тоа е програмата на не повеќе од пет кретенчуги и нивните обнадежени симпатизери.

И нивната специјална логистика, се разбира.

Јас мислам дека треба да ги исфрлиме како што Астерикс и Обеликс ги исфрлаа римските војници од пабот во Британија.

А можеме да оставиме и тие да нѐ исфрлат нас од историјата.

И од елементарната чест.

Да живееш тоа значи да се менуваш. Пишувал на времето Марко Ристиќ. Да преживееш значи да се даваш. Вистинската плодна афирмација бара самоодрекување, то ест одрекување: абнегацијата ја содржи негацијатата.

Ама, како на говњарите да им продаваш надреализам?


Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.