На меѓународната донаторска конференција во Варшава, Европската Комисија (ЕК) објави пакет на помош од 200 милиони евра за украинските бегалци и раселени лица.
„Денеска се собравме со јасна цел: да го поддржиме храбриот украински народ, кој се бори против агресорите и за својата слобода“, рече претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.
Таа, во име на Комисијата, вети 200 милиони евра помош.
Ветената помош на минатомесечната донаторска конференција за раселени и протерани Украинци, внатре и надвор од земјата, достигна 9,1 милијарди евра.
„Знаеме дека ќе биде потребно повеќе и ќе продолжиме да и помагаме на Украина“, додаде таа.
Околу осум милиони луѓе, од кои две третини се деца, се депортирани од Украина од почетокот на руската агресија, а над 5,3 милиони Украинци најдоа засолниште во ЕУ и соседните земји.