Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кембриџ развива ВИ-алатка за рано откривање деменција и Алцхајмерова болест

0
By Marija Todorovska on July 18, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Истражувачите од Универзитетот Кембриџ користеле вештачка интелигенција за развој на алатка којашто може да предвиди веројатноста околу тоа дали луѓето со рани знаци на деменција ќе развијат Алцхајмерова болест. Се проценува дека едно лице во светот заболува од Алцхајмеровата болест на секои 3 секунди, а бројот заболени се очекува да се зголеми трипати следните 50 години.

Во истражувачкиот центар во Кембриџ, се верува, стручњаците пронашле нов начин на употреба на ВИ – за откривање на Алцхајмеровата болест во најраните фази. Алгоритмот е развиен и дизајниран да обработува претходни скенирања и одговори на прашалници наречени „когнитивни тестови“, користејќи сложена обработка на податоци.

– Долго време – приближно 30 години, немавме третмани коишто би ја дефинирале болеста. Сега работите се менуваат и гледаме нови третмани на пазарот, а засега знаеме дека имаме потенцијал рано да ги идентификуваме пациентите и да ги определиме вистинските пациенти за одреден третман, изјави Зои Курци, професорка по Експериментална психологија на Кембриџ. – Значи, нашата работа всушност се сосредоточи на раните предвидувања, раната дијагноза, и тоа дали кога ги имаме првите симптоми, или дури и пред симптомите, може да идентификуваме поединци кои би можеле да развијат деменција во иднина, додава таа.

Алцхајмеровата болест претставува околу 60 – 80 отсто од случаите на деменција.

– Предноста на ВИ е во тоа што може да открива податоци, како и односот меѓу параметрите или одликите кои човекот не може лесно да ги увиди. На пример, сликите што ги гледаме може да имаат мали промени во резолуцијата во размер од милиметар што не може да ги видиме со голо око, појасни Лиз Јуанкси Ли, прва авторка на научниот труд.

ВИ ги користи податоците што веќе ги анализирала за да направи попрецизни предвидувања за податоците коишто би ги добила во иднина.

– (ВИ) учи да препознава модели во добиените податоците – во овој случај поврзани со специфични дијагнози на пациенти, така што на крајот ќе знае дали има одредена шема што се појавува при скенирањето мозок. Заедно со когнитивните резултати, така ќе може да се предвиди дали пациентот ќе напредува или ќе остане стабилен и тоа потоа може да прави предвидувања за нови пациенти чии податоци (алгоритмот) не ги разгледал. Овие предвидувања можат да бидат веродостојни бидејќи тој ги видел сите овие други податоци, објасни Курци.

Истражувачите се надеваат дека оваа алатка наскоро би можела да се искористи како делотворно медицинско помагало во здравствени установи во Велика Британија и ширум светот во борбата против болеста којашто станува загрижувачки честа појава.

Алцхајмерова болест ВИ деменција Кембриџ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.