Сликарката Андријана Мациевска (41), ќерка на познатата водителка и пејачка Јулија, ја загуби битката со ракот што ја водеше две години.
Нејзината состојба се влошила во изминатиот период, поради што Јулија објави емотивен пост на Фејсбук со апел до пријателите да се помолат за здравјето на Андријана.
„Драги мои пријатели, помолете сè за моето девојче, за мојата хероина, за мојата светлина. Молете сè за Божје чудо, зашто Андријана во болка се бори за својот живот на клиниката за онкологија. Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за Бога е возможно сè. Секој на свој начин испратете љубов, испратете молитва, да го крене моето девојче. Господе помилуј, Оче спаси нас“, напиша Јулија на својот профил на Фејсбук.
На Андријана ѝ бил дијагностициран рак во 2020 година. Една година подоцна успеа да застане на нозе, благодарение на хемотерапии и зрачење, но денеска, за жал, ја загуби битката со болеста.