Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Киднапирана иднина

0
By Сашка Цветковска on August 1, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мојата колешка и лидер на самостојниот синдикат на новинари Тамара Чаусидис изразувајќи поддршка за тројцата професори кои повеќе од три недели штрајкуваат со глад меѓудругото напиша „на новинарите им е исто како на професорите“.

Јас, пак, би рекла, на сите им е исто како на новинарите. И на лекарите, и на професорите, и на адвокатите, учителките…А на некои им е полошо, како на шивачките, молерите, продавачките, механичарите, градежните работници…

Денеска Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници му даде поддршка на Синдикатот од образованието, а некои од колегите новинари, меѓу кои и јас, ќе бидеме и на самиот протест во 12 за да се солидaризираме со штрајкот кој што повеќе и дава гласност на неправдата отколку што дејствува против истата…Но, јас таму нема да бидам само како како Сашка новинарката, туку и како онаа Сашка чии што родители во доцните деведесетти беа жртви на неправдите кои ги донесе приватизацијата и кои поминаа многу време на штрајкови пред Владата, Парламентот, пред фирмите кои денеска не постојат, а чија што пропаст мене и на мојата генерација толку многу ни одзема. Ќе одам, не за да се солидаризираме со професорите кои штрајкуваа со глад, ами со нивните деца…

Бев отприлика на возраста на која што се децата на професорот Крсте Шајноски кога мојот татко заедно со своите колеги кои беа илјадници на број (не десетици, не стотици, ами навистина илјадници) штрајкуваа пред Собранието обидувајќи се да ја спасат компанијата во која што со години работеа, или подобро речено, да ја спасат својата живеачка. И тогаш, како и сега, полицијата ги тепаше своите граѓани. И тогаш летаа пендреци врз очајните работници. Бев премала за да да сфатам во кој правец оди општеството, но начинот на кој што се чувствував кога мојот татко излегуваше од вратата за да оди на штрајк нема никогаш да го заборавам. Стравот се памети – стравот на кој не сум можела да му дадам никаков контекст, но едоставно постоел и тоа оправдано. Веројатно така се чувствуваат и малите дечиња на универзитетскит професор Крсте Шајновски. Колку и да се обидувате да сокриете нешто од своите деца, колку и да мислите дека тие ништо не разбираат, колку и мојата мајка да се обидувала да не забавува и да не мислиме на ништо лошо, тоа необјасниво „лошо“ се чувствува и ве фрла на едно мрачно место на неизвесност, место на кое не би требало да биде ниту едно дете.

Но, има како што реков, една значајна разлика помеѓу јас-детето од доцните деведесетти и децата на Крсте. Мојот татко беше припадник на работничката класа која нагло почна да го губи својот горе-доле сигурен и достоинствен живот. Мојот татко – работник штрајкуваше со ентузијазам дека ако не сега , некогаш подоцна работите ќе бидат подобри за мене и брат ми, дека Македонија во 21 век ќе биде поинаква од Македонија во доцните деведесетти.

Пред 15 години штрајкуваа родителите на децата од работничката класа. Пред институциите. Денес штрајкуваат родителите на децата на универзитетски професори. Настрана, спикани во сопче и со самоповредување. Оти денес ниту доктори на науки не веруваат во институциите на системот. Ваква екстремна метода на израз на револт побарува и екстремна доза на очај. Ако тие не веруваат и не можат поинаку, тогаш што останува за работниците, за шивачките, продавачките…

Денес веќе не сум дете, но јас и мојата генерација се уште немаме излезено од она мрачно место на кое не фрлија неодговорните политички елити од деведесеттите. Денес ниту татко ми не е истиот човек, а неговата генерација не само што е преуморна и истрошена за да штрајкува, туку речиси и нема верба дека остана нешто да се брани.

Денес има толку малку луѓе кои го делат ентузијазмот на татко ми од деведесеттите кој веруваше дека мора и може да биде подобро. Другите одамна си ги спакуваа куферите.

А јас, веќе не сум сигурна дали овој систем во своите деца ја гледа својата подобра иднина или, пак, од нив ќе одгледува заблудена војска која под плаштот на идеологијата всушност ќе чува стража на чекмеџињата на два – тројца кои не само што речиси не поседуваат сите нас, ами ја поседуваат и нашата надеж.

Затоа денеска ќе одам на протест и затоа утре ќе апстинирам од славење. Иди па слави си ја киднапираната иднина.

Фотографија на Томислав Георгиев

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.