Украинските воздухопловни сили утринава соопштија дека собориле 12 од вкупно 18 дронови што биле лансирани за време на ноќешните руски напади.
За време на нападите, московските сили користеле и ракета Искандер-М, се наведува во украинската порака на Телеграм.
Генерал-полковник Микола Олешук од украинските воздухопловни сили, изјави дека проектилот бил истрелан од полуостровот Крим, а беспилотните летала Шахед биле лансирани од базите во Приморски-Ахтарск и Курската област.
Соборените беспилотни летала паднаа над регионите Виница, Миколаев, Дњепропетровск, Херсон и Суми и биле повредени девет лица.