Украина и Русија повторно извршија размена на тела на војници, соопшти денеска Кији, пренесе ДПА.
Украинската власт одговорна за воените заробеници соопшти дека 909 тела се примени од Русија.
Војниците наводно биле убиени во источните украински региони Доњецк, Луганск, Запорожје, Суми и Харков.
Некои, исто така, биле примени од мртовечници во Русија, откако украинските сили неодамна беа потиснати од пограничниот регион Курск.
Во замена, руските медиуми наведуваат дека Москва примила 41 тело.
Примопредавањето, објавено денеска, се случило со посредство на Меѓународниот Црвен крст, соопшти украинската власт.