Кина соопшти дека го открила првиот случај на птичји грип Х3Н8 кај луѓе, но здравстените власти тврдат дека ризикот од негова трансмисија од човек на човек е мал. Познато е дека сојот Х3Н8 инфицира коњи, кучиња и фоки, но досега не беше дијагностициран кај луѓе.
Инфенцијата, според кинеското Министерство за здравство, е регистрирана кај четиригодишно момче во централната провинција Хенан. Детето било хоспитализирано на почетокот на април со температури и други симптоми на грип и се наведува дека е заразено при директен контакт со птици.