Ракетните сили на Народноослободителната војска на Кина лансираа интерконтинентална балистичка ракета со лажна боева глава во водите на Пацификот, соопшти Министерството за национална одбрана.
Наведено е дека ракетата паднала во целната област на Пацификот и оти лансирањето е рутинска активност во рамките на годишниот план за обука, како и дека релевантните земји биле однапред информирани за овој тест.
Лансирањето ги тестираше перформансите на оружјето и ефективноста на воената обука и ги постигна саканите цели, се вели во соопштението на кинеското Министерство за одбрана.
Се додава дека лансирањето било во согласност со меѓународното право и не било насочено против ниту една земја или цел