Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кинеско – американска сајбер војна

0
By Нова ТВ on February 21, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

61398, специјалната единица на кинеската народна војска, со седиште во анонимна зграда во Шангај, ги шпиунира од 2006 компјутерите на околу 141 западни организации и компании, отркива извештајот на американската фирма Мандиант, специјализирана во заштита против сајбер напади, откри дневникот Њу Јорк Тајмс. Мандиант успеа да го пронајде изворот на разните бранови на хакерски напади кои се случија во САД последниве години.

Мандиант, кој ја советува американската влада, реши да го заштити идентитетот на жртвите на овие напади, од кои некои се и нејзини клиенти, но изворот на нападите е докажан и се наоѓа со сигурност во таа зграда во Шангај. Зградата е опремена со оптички влакна од високо ниво, добиени Чајна Телеком, кинеските телекомуникации, во име на националната безбедност.

Кинесаката влада, преку официјално соопштение на министерството за одбрана, остро ги демантираше наводите на Мандиант, во кое се вели: „Хакерските напади се проблем од светски размери. Како и други земји, Кина се соочува со сериозни закани на интернет и е еден од најнапаѓаните земји во светот.

Кинескиот закон забранува хакерски напади и било какви активности кои ја нарушуваат безбедноста на интернетот и одлучно се бори против овој вид криминални активности, кинеската војска никогаш не поддржала никаква хакерска активност.“

Но американскиот претседател, Барак Обама, поинаку гледа на работите. Во неговиот говор на 12 февруари, алудираше на оваа сајбервојна, без да ја именува Кина: “Знаеме дека странски земји и компании ги крадат нашите индустриски тајни. Сега нашите непријатели се обидуваат да ни ја саботираат екетричната мрежа, финанските институции,системите за контрола на летање.“

По објавувањето на извештајот на Мандиант, Стејт Департментот сепак директно му се обрати на Пекинг: “Во наредните недели, ќе им ставиме на знаење на кинеските лидери дека обемот и софистицираноста на нападите кои доаѓаат од Кина ги загрозуваат односите помеѓу Вашингтон и Пекинг.“

« UglyGorilla »

Според Мандиант, кинеските хакери се фокусирале на одредени компании со активности во различни области меѓу кои заштитата на животната средина, биотехнологијата и информатиката. Повеќето напади се случиле во САД (115 цели), пет во Обединетото Кралство,три во Израел и три во Индија и еден напад во Белгија, чиј главен град е седиште на НАТО и ЕУ. Мандиант одби да ја открие белгиската организација жртва на кинеските хакери.

Хакерската стратегија трае долго, во просек 356 дена по ред, во некои случаи некои жртви биле шпиунирани речиси цели пет години. Се се краде:бизнис планот, мејл адресите на сопствениците, резултати од тестови, процедури на фабрикација, понуди за цени, агенди, белешки од состаноци и дури политички анализи.

Кинеските хакери имаат развиено голем број тактитки, како на пример лажни ПДФ досиеја или крадење идентитет на вработен во фирмата. Мандиант, кој ги откри ИП адресите на хакерите, објавува дека хакерите се кријат зад имиња како « UglyGorilla » или « Superhard », имаат одлично познавање од математика, информатика политика и англиски јазик.

Најчесто креираат домени поврзани за познати медиуми како reutersnewsonline.com.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.