Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби денеска ги демантираше информациите дека преговорите за прекинот на огнот во Газа, кои се одржуваат оваа недела во Каиро, се на работ на колапс и додаде дека е постигнат напредок, иако разговорите главно биле предводени од израелски и египетски преговарачи.
Кирби исто така истакна дека разговорите во Каиро продолжуваат и дека директорот на ЦИА Вилијам Барнс ќе учествува во тие разговори.
Тој додаде дека разговорите за примирјето во Појасот Газа се конструктивни и дека е неопходно сите страни да се обединат за да работат на имплементација на предложениот договор и дека и милитантите на Хамас треба да учествуваат во разговорите.