Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кире Наумов и Фарук Исмаили реизбрани за членови на Управниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје

0
By Ivana on December 2, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Досегашните членови на Управниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, се реименувани за истите позиции со мандат од 6 (шест) години сметано од 19.11.2021 година.

Народна банка на Република Северна Македонија, издаде решение со кое се издава претходна согласност за реименување на Кире Наумов за главен извршен директор на Развојна банка на Северна Македонија и реименување на Фарук Исмаили за главен оперативен директор на банката. Членовите на Управниот одбор, претходно, довербата за мандат ја добија од членовите на Надзорниот одбор на банката, согласно Законот за банки.

Членовите на Управниот одбор на Развојна банка, ги започнаа своите мандати во ноември и декември 2019 година и управуваа со државната банка изминативе две години. Развојна банка активно учествуваше во имплементацијата на економските сетови мерки донесени од Владата во справување со негативните ефекти предизвикани од пандемијата од КОВИД-19.

Во 2020 и 2021 година, Развојна банка пласираше кредити кон приватниот сектор во вкупен износ од 132 милиони евра, од кои 46 милиони евра во форма на бескаматни кредити и го потпиша шестиот финансиски договор со ЕИБ за 2021/2022 година во вкупен износ од 100 милиони евра. Со подобрување на условите кај осигурувањето и факторингот, се зголеми значително обемот на осигурани и откупени побарувања по основ на факторинг кои заклучно со септември 2021 година, во однос на цела 2019 година, се зголемија за 73% и за 20%, респективно.

Од посебна важност за банката беше нејзината докапитализација која се направи во 2020 година, со која се овозможи директно проширување на портфолиото производи на банката. Сега, Развојна банка на компаниите кои вршат извоз може да им понуди и царинска гаранција. Од неодамна, преку промена во Законот за Развојна банка на Северна Македонија, се организираше Гарантен фонд во рамки на банката, со што се воспостави државната кредитно-гарантна шема од која корист имаат микро, мали, средни компании, како и големи компании кои вршат извоз.

Целта на Управниот одбор е и понатаму да продолжи и да ја развива државната банка како динамична, финансиски силна институција, специјализирана во финансиска поддршка на малите и средни претпријатија и поширока поддршка на извозот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.