НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кивимае: Дигитализарајте се и полесно ќе ги откривате корупцијата и измамите

0
By Zoran Ivanov on July 21, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тдема на М ИА: Во Естонија, која се смета за лидер во дигиталната технологија во Европа, но и во светот, во моментот има 80 алатки што се засновани на технологија на вештачка интелегенција и што извршуваат работи на луѓето. Оваа држава почнала да се дигитализира уште во раните 90-ти години, за сега да е дигитално чудо. Во Северна Македонија, од друга страна, експертите се согласни дека како земја имаме многу талент и оти и кај нас се развиваат чудо од технологии поврзани со вештачката интелегенција, но она што е поразувачки е што младите бегаат и затоа е клучно е да се направат институционални напори тие да останат овде и да работат на софтверски решенија за државата. 

Јури Кивимае, естонски експерт и аналитичар на податоци во Одделот за разузнавање во Естонската царина и даноци кој вели дека колку побрзо се дигитализираме, толку полесно ќе ги откриваме случаите на корупција и измами.

Неда Димова Прокиќ

Во Естонија, која се смета за лидер во дигиталната технологија во Европа, но и во светот, во моментот има 80 алатки што се засновани на технологија на вештачка интелегенција и што извршуваат работи на луѓето. Оваа држава почнала да се дигитализира уште во раните 90-ти години, за сега да е дигитално чудо. Во Северна Македонија, од друга страна, експертите се согласни дека како земја имаме многу талент и оти и кај нас се развиваат чудо од технологии поврзани со вештачката интелегенција, но она што е поразувачки е што младите бегаат и затоа е клучно е да се направат институционални напори тие да останат овде и да работат на софтверски решенија за државата.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во средата на сесија на Националната конвенција за Европска Унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК) рече дека треба да се искористи максимално потенцијалот на талентираните млади кои се запишуваат на техничките факултети во развојот на ИКТ-секторот во земјава.

Според него, не можеме да зборуваме за вештачка интелигенција, за алатки за подобрување на транспарентноста, откривање потенцијални случаи на корупција, доколку над 90 проценти од институциите ги чуваат своите податоци на хартија или ги разменуваат меѓу себе на традиционалниот начин и не се поврзани меѓу себе во една дигитална околина… Системот постои, го има, но институциите, вели тој, не го употребуваат.

Андоновски најавува дека во сеопфатната владина иницијатива „Смарт Македонија“, се предвидува изработка на национална ИКТ-стратегија којашто ќе претставува чадор на сите владини активности и која ќе биде во согласност со иницијативата за дигитална трансформација на Европската комисија насловена „ЕУ дигитална декада“ или дигитални цели за 2030 година.

Јури Кивимае, естонски експерт и аналитичар на податоци во Одделот за разузнавање во Естонската царина и даноци кој вели дека колку побрзо се дигитализираме, толку полесно ќе ги откриваме случаите на корупција и измами.

Кивимае, кој исто така беше дел од сесијата на НКЕУ-МК, вели дека Естонија ја почнала дигитализацијата уште од стекнувањето на независноста од Советскиот сојуз.

Не би рекол дека беше толку брзо. Во текот на 1980-те бевме еднo од технолошките јадра во Советскиот сојуз, а во текот на 1990-те многу инвестиравме во ИТ и комуникациска инфраструктура, особено во полето на образованието и тоа беше добар почеток. Значи, овој процес трае веќе 30-40 години. Преземавме чекори, правевме грешки, но се здобивме со довербата од јавноста преку употребата на дигитални услуги и продолжуваме понатаму, вели Кивимае.

Тој посочува дека во 2002 година започнале да издаваат лични карти со дигитален потпис, којшто овозможувал пристап до се поголем број онлајн услуги. Во 2012 година вовеле и мобилни лични карти, по што следувале и паметни лични карти.

Денес, додава тој, во Естонија има широк опсег на јавни услуги што се достапни на Интернет, на пример, вели, можете да го проверите здравствениот картон, да регистрирате фирма, да регистрирате возило, како и да ги проверите вашите имотни и катастарски информации.

Во Естонија, вели тој, алатките за вештачка интелегенција (ВИ) се нарекуваат кратови, според митско суштество од естонскиот фолклор, при што во државата во моментот се користат над 80 кратови (алатки) што извршуваат повеќе задачи на луѓето, а се засновани врз ВИ технологија.

Еден од примерите за ова е автоматска транскрипција во реално време за јавните телевизии. Уште еден добар пример е користењето сателитски снимки за терен, исто така итните служби имаат транскрипција на повиците кои ги добиваат, а во јавните служби имаме ВИ чет, појаснува Кивимае.

На прашањето колку дигитализацијата ја спречува корупцијата, вели дека доколку побрзо се дигитализираме како држава, толку полесно ќе се открива корупцијата.

-Преку мојата работа во агенцијата за даноци и царина, мојот одговор е субјективен, но би рекол дека дигитализацијата на даночните и царинските системи помогна во борбата против корупција. Исто така, преминот од општество засновано на хартија и готови пари во општество без хартија и кеш, односно кредитни картички и онлајн трансакции, дефинитивно го направи полесно откривањето на корупцијата и измамите. Исто така, погодноста во користењето на овие дигитални услуги исто така беше од голема помош, нагласува Кивимае.

Тој посочува дека иако државава, како и останатите земји од Западен Балкан заостануваат во процесот на дигитализација, сепак претставува одлична можност што може да се разменуваат искуства и практики со Естонија, како и со други земји во Европа.

Иако Балканот заостанува во овој процес, би рекол дека ова претставува одлична можност да се учи од Естонија, од други земји во Европа и светот што стигнале далеку преку проектите за дигитализација и дигитализација на јавниот сектор. Како што поминува времето, има се повеќе примери на добри практики што може да ги искористи Македонија и сите оние што сакаат да го модернизираат јавниот сектор, вели Кивимае.

Тој посочува дека погодностите при употреба на дигиталните услуги им го олесниле животот на граѓаните на Естонија.

Почнавме од скоро никакви дигитални услуги и стигнавме до автентикации преку картички и телефон, и скоро сите услуги што претходно се давале преку канцеларии или управи, сега може да се обезбедат преку една веб-страница во која граѓаните имаат доверба, нагласи Кивимае.

Во однос на спроведувањето на ВИ во јавниот сектор, вели дека има различни методи во разработката на модели – од компанија која има добра репутација на разработка на модели за ВИ, до одреден научник, но напоменува дека не е евтино ако треба да се промени моделот на ВИ и додава дека доколку не се внесуваат квалитетни информации, моделот на ВИ нема да вреди.

Кивимае истакнува дека има многу соработка внатре во ЕУ во однос на користењето на ВИ, потсетувајќи на програмата Фискалис, во која Северна Македонија веќе е дел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.