Откако на мостот „Око“ ќе се постават 30 тина скулптури, главно кнезови и војсководци од античката историја, ќе бидат поставени уште десетина нови споменици. Тие ќе се протегаат на самиот кеј од мостот „Око“ до мостот кај Холидеј ин.
Се работи за споменици на Крале Марко, Константин Драгаш, Цар Душан, Андреаш братот на Крале Марко, Андрија Гропа, Митрополит Јован Зограф, Охридскиот архиепископ Доротеј, Висарион Дебарски.
Датумот на нивното поставување се чува во строга тајност.
Во меѓувреме, на плоштадот Карпошово востание се работи на фонтаните, едната со коњи, како што се гледа од снимките, е украсена со ликот на Александар и со други женски ликови.
И спомениците на Филип и на Олимпија која го дои Александар, ќе бидат надополнети со фонтани кои ќе бидат синхронизирани и од нив ќе се слуша музика.