Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Клеман Бон: Некои точки во рамката засегаат некои преокупации на Бугарија во односот кон Северна Македонија

0
By Mirjana on June 21, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државниот секретар за европски прашања на Франција, Клеман Бон, одговори на некои од дилемите околу францускиот предлог за преговарачката рамка, но не навлезе во детали за да не ги загрози преговорите, јави дописничката на МИА од Брисел.

На прашање на МИА за време на денешната прес конференција по Советот за општи работи дека францускиот предлог внесе билатерални македонско-бугарски прашања во преговарачката рамка, Клеман Бон се огради од ставот дека францускиот предлог е спротивен на македонските интереси, но истакна дека треба да се земат предвид бугарските преокупации на внимателен начин.

„Држевме до принципот, во контакт со Европската Комисија и нашите европски партнери, дека преговарачката рамка не е место за чисто билатерални преговори. Мора да се констатира дека има билатерална блокада со месеци. Внимателно и со баланс, но отфрлам дека ова би било против интересите на Северна Македонија, напротив, во контакт и со Скопје, преку информациите од билатералните дискусии меѓу Скопје и Софија, но и преку директни контакти што ги имавме, што Европската Комисија ги имаше со двете страни, велам дека има некои теми кои немаат директно билатерален карактер, но ги засегаат преокупациите на Бугарија во нејзиниот однос со Северна Македонија, во преговарачката рамка, на внимателен и ограничен начин, изјави Бон.

Тој повеќепати истакна дека не сака да дава детали затоа што преговорите сѐ уште траат и не сака да ги загрози.

„Многу земји членки потсетија на секој чекор, и оправдано, дека преговарачката рамка не е местото каде се третираат сите билатерални прашања. Има преокупации кои можат да имаат трансверзален карактер и кои ги интегрираме во преговарачката рамка на таргетиран начин. Тоа е калибрирањето што се обидуваме да го најдеме, тоа е срцето на темата, тоа таргетирање, во дух на баланс и правичност, додаде францускиот државен секретар за Европа.

Бон истакна дека правилото во преговорите со ЕУ е дека секоја етапа се отвора со едногласност на сите држави членки.

„Да потсетам, внимателно, дека генералното правило за секоја земја кандидат и земја членка, е дека секоја етапа се отвора едногласно, прашањето е како се формулира тоа, ова има конкретен но и симболичен карактер, не сакам да навлегувам во детали бидејќи постои ризик за преговорите, додаде Бон.

Францускиот државен секретар и претседавач со денешниот состанок истакна дека ги поздравува напорите на Скопје и Софија во последниот период да изнајдат решение.

„Целта е да се отворат преговорите, за прв пат видовме добра волја, рече Бон коментирајќи ја бурната политичка сцена во Софија, каде повторните превирања можат да го загрозат процесот до крајот на неделава.

Имено владата на Кирил Петков се соочува со гласање на недоверба од страна на пратениците на ГЕРБ, а не се знае сѐ уште ниту дали Петков или претседателот Румен Радев ќе ја застапуваат Бугарија на претстојниот ЕУ самит.

Потпретседателот на Европската Комисија, Марош Шефчович, од своја страна, истакна дека е важно да започнат преговорите со Албанија и Северна Македонија како знак дека политиката на проширување на ЕУ е жива.

„Тоа би отворило сосема ново поглавје во нашиот однос со Западниот Балкан затоа што проширувањето ќе стане поопипливо, ќе влеземе во конкретни преговори. Албанија и Северна Македонија се познати како многу подготвени, и сметаме многу на последните недели од француското претседателство, ги поддржуваме нивните напори, сакаме да ја направиме ЕУ перспективата за Западен Балкан опиплива.

Запрашан за учеството на премиерите на Албанија и Северна Македонија и претседателот на Србија на претстојната Конференција за Западен Балкан, за која тројцата треба да донесат одлука дали ќе допатуваат во Брисел, францускиот државен секретар рече дека се надева дека што повеќе учесници ќе бидат дел од неа.

Клеман Бон за францускиот предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
ФОКУС

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

ВЕСТИ October 10, 2025

Добитничка на Нобелова награда за мир рече дека ја посветува наградата на страдалниот народ и…

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.