Во Киев за време на руската инвазија врз Украина загинаа 264 цивили, меѓу кои и деца, изјави денеска градоначалникот на украинската престолнина, Виталиј Кличко.
Тој истакна дека борби се водат во Лутиж, село на 30 километри од Киев, и дека украинската армија ја вратила контролата врз областите северозападно и североисточно од главиот град, вклучувајќи го и поголемиот дел од Ирпин.
„Украина ја врати контролата врз западниот град Макаров“, тврди киевскиот градоначалник.