Од 1 мај климата во канцелариите во јавниот сектор во Италија нема да може да се постави на помалку од 25 степени, а во зима ќе бидат дозволени максимални 21 степен. Одлуката која е изгласана денеска, стапува на сила од 1 мај и ќе трае до 31 март 2023 година, информираат италијанските медиуми.075 907 108
Од уредбата се исклучени болниците, домовите за стари лица, заводите за лекување на зависности и слични установи. Но, кој ќе го контролира почитувањето на оваа уредба? Засега во јавните институции ненајавено ќе доаѓаат инспектори. Казните за оние кои нема да ја почитуваат уредбата ќе бидат од 500 до 3.000 евра.
Многу италијански општини одлучија да ги исклучат светлата на спомениците и јавните институции.
Мир или клима- уреди
Обраќајќи се пред Сенатот пред неколку дена, премиерот Марио Драги, одговарајќи на прашања за руско – украинскиот конфликт, како и за зависноста на Италија од рускиот гас, ги праша Италијанците: „Дали повеќе сакате мир или клима?“, што предизвика големи контроверзии и коментари на социјалните мрежи, јавуваат медиумите.
Владата се обидува да најде алтернативи за рускиот гас и е склучен договор со Алжир, но не е можно веднаш да се откаже од рускиот гас без огромни штети по економијата и последици по населението.
Италијанскиот министер за животна средина Роберто Чинголани рече дека одлуките на владата може да се наречат „заштеда на енергија“ или „штедење“, но Италијанците сигурно ќе мора да се навикнат да користат помалку струја, бензин и нафта.
Од почетокот на 2022 година струјата во Италија поскапе за 55 отсто, а гасот за 41,8 отсто. Италија, 40 отсто од потребите за гас ги увезува од Русија.