Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Клуб З“, Бугарија: Исклучително е итно Бугарија да направи се што е можно за да ги забрза преговорите за членство на Македонија во ЕУ

0
By Ivana on December 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во коментар за познатото бугарско печатено и електронско издание „Клуб З“, Капка Тодорова пишува дека и најекстремните националисти во Бугарија можат да негираат дека добрите односи со Северна Македонија се од интерес за Бугарија, а тие, според неа, можат да бидат добри само во политичка и економска заедница каква што е Европската унија. За Бугарија, брзиот влез на Северна Македонија во ЕУ е од огромно значење и ќе донесе само придобивки.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според авторот на коментарот, за жал во последните години македонското прашање е предадено на псевдонационалисти во Бугарија, кои го уништија добриот тон со Скопје и уништија голем дел од постигнатото во односите на Софија со Македонците. А тажното е, вели, што причината за овој неуспех е далеку од некоја меланхолична идеја за заедничка историја, јазик, глупаво тврдење за бугарска надмоќ и слично.

Македонската карта беше одиграна со единствена цел малите националистички формации во Бугарија да придобијат гласачи и да учествуваат во власта по парламентарните избори на 4 април и на следните две гласања. И нивното учество во власта беше искеширано на најнечесен начин, потсетува авторката на аферата со продажбата на пасоши.

Според неа, новата Влада во Бугарија се соочува со голем предизвик да ги врати добрите односи со Северна Македонија, но тоа ќе биде тешко не само поради ескалацијата на национализмот во земјата, туку и поради испровоцираниот одговор на тоа од Македонија. -Обичните граѓани на Бугарија и Северна Македонија се жртви на некој копнеж за големо минато од националистите од двете страни на границата, вели таа.

Капка Тодорова е децидна дека нема потреба да се набројуваат придобивките за Северна Македонија од чисто економски аспект доколку што поскоро стане членка на европската заедница. Таа ги нагласи и економските придобивки за Бугарија, кои исто така ќе бидат големи – пазарот ќе биде покомпактен,  помали бариери за слободната трговија и инвестиции , а просперитетот ќе се зголемува.

Всушност, додава таа, во интерес на Бугарија е сите земји меѓу Бугарија и Западот да бидат членки на ЕУ и да го затворат вакумот од кој продолжуваат да извираат демоните од минатото, носејќи само војна, расправии и сиромаштија на Балканот. Но, политички, крајно итно е, вели,„ Бугарија да направи се за да ги забрза преговорите за членство на Македонија во ЕУ, во спротивно и таа, како и Србија, ќе потоне во прегратките на Русија и ќе стане бариера меѓу нас и Западот“.

Според неа, директен доказ за тоа е прес-конференцијата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пред неколку дена, на која тој посвети посебно внимание на балканските држави и инсистираше дека руското влијание на Западен Балкан не треба да ослабне.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.