Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по резултатите од вчерашните избори, на кои неговата Партија на правдата и развојот (АКП) со убедлива победа го врати парламентарното мнозинство, вели народот избрал да го заштити амбиентот на стабилност и доверба.
Но откако го изгуби еднопартиското мнозинство за прв пат во последните 12 години, и АКП не успеа да освои комплетно мнозинство, партијата сепак доби јасен мандат да владее со Турција во наредните четири години.
Угледниот „Политико“ пишува за шест работи кои треба да се запазат по изборите:
1. Победа на насилството
Од изборите во јуни, турската политика беше засенета од преплашувања и насилство од страна на државата, партијата на Курдите (ПКК) и ИСИС, по што имаше голем број на жртви. Ердоган се чини ги презеде гласовите на турските националисти од екстремно десничарската МХП и на религиозните Курди од прокурдската ХДП.
Ветувањата на АКП за силно лидерство, безбедност и стабилност се чини дека сепак допрел до електоратот кој беше длабоко загрижен од незапирливото насилство во Турција.
Иронично, борбата на ПКК против Ердоган и помогна на АКП да се врати на власт, а ПКК сега може да се врати чекор назад и да се врати на својата традиција на насилство.
2. Турција продолжува со авторитaризмот
Иако партијата на Ердоган го загуби мнозинството во јуни, успеа да владее со Турција без да ја дели власта со опозицијата последниве пет месци. АКП ги искористи тие пет месеци да работи на изборите и да ги собори опозицијата и невладините организации, да ги заќути критичките медиуми, да ги заплаши новинарите и опозициските политичари, а овој план се чини продуктивен за Ердоган.
Се чини дека партијата на Реџеп Таип Ердоган си подготви поле за следните избори, кои треба да се одржат во 2019 година, да може да бидат најнефер и најманипулираните избори до сега.
3. Народната демократска партија (ХДП) е тука за да остане
ХДП беше првата прокурдска партија во турската историја која го помина прагот од 10 проценти застапеност во Парламентот. ХДП успеа да добие повеќе пратенички места од екстремно десничарската МХП, со што про-курдската партија стана третата најголема партија во турскиот парламент за прв пат во историјата. Претпоставките се дека доколку оваа партија успее да се спротистави на политиката на Ердоган на некој начин, таа може дополнително да биде интегрирана во турскиот политички систем.
4. Турската екстрeмно-десничарска МХП изврши самоубиство
Екстремно-десничарските националисти, иако се надеваа дека ќе добијат од реакцијата на турскиот народ, како одговор на насилството на ПКК, тие сепак загубија четвртина од нивните гласови. Од изборите во јуни, МХП одбиваше да стане дел од било која коалиција и направи чистка од некои од своите најкомпетентни членови од кандидатските листи.
Иако раководството на МХП очекуваше идеолошкиот грасрут на партијата да остане лојален, увиде дека и екстремно десничарските гласачи ги сметаат своите лидери за одговорни.
5. Пирова победа на АКП
Раководството и кадрите на АКП се чини се воодушевени од убедливата победа која ниеден анкетар не ја предвиде. Резултатите, сепак може да ја втурнат партијата во понатамошна авторитарност и репресии кон опозицијата.
Доколку АКП продолжи да го поткопува владеењето на правото во Турција, слободниот пазар и слободата на медиумите, земјата би можела да се загуши од авторитаризмот.
Ако изборите покажат дека имиџот на Турција е еден авторитарен режим, може оваа победа на АКП да се покаже како пирова, а тоа може да се одрази преку економски и политички последици кои ќе ја оддалечат земјата од трансатлантскиот свет.
6. Ова може да е почеток на крајот на владеењето на Ердоган-Давутоглу
На овие избори Ердоган не успеа да обезбеди комплетно мнозинство кое потоа “ќе го даруваше“ во претседателските овластувања кои тој ги посакува.
Премиерот Давутоглу пак, успеа да забележи значајна победа и да ги докаже лидерските вештини, како и да ја зајакне својата позиција во АКП.
Можат ли овие двајца да продолжат да работат во хармонија? Дали Давутоглу ќе стави крај на работењето во сенка на Ердоган? Доколку не успеат да се консолидираат во својата моќ, славјето од изборите може да се покаже како залудно, а Турција да западне во политички конфликт и хаос.