Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

“Ко друкчије каже клевеќе и лаже!“

0
By Zoran Ivanov on September 27, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здравиот разум треба да се подготвува за масовен бунт, за внатрешна жестока револуција. Револуција без пенкала. Со булдожери, трактори, копачи, лопати и клоци. Ама, и Комунистички манифест – централизам во првите 10 години, после ваквата апашка демократија. На државата и здравиот разум никогаш нема да им биде доволно апашите да бидат поразени на избори.

Борче Трајковски

Министерката за финансии не е залутана во тој ресор, ниту онаа за енергетика ниту онаа за образование. Сите се соодветно поставени на своите места онакви какви што ги заслужуваме, затоа што се поставени од ДПМНЕ. И не само за нив, и за сите други назначени е важно да прават се’ според законите на партијата, иначе нема фотелја, нема “кркензи кикирики еври деј“, па така, и министеркава за финансии не’ убедува дека: “Ништо нема да биде надвор од законот за јавни набавки. Проектите од дговорот со Велика Британија ќе бидат тарнспарентни за јавноста!“, да се најежиш малку е.

Како може да бидат транспарентни договорите за јавните набавки од кредитот со Велика Британија, кога договорот за кредитот не е транспарентен? Или ова најновото, кој оксиморон упм, вика: “За да ги намалиме трошоците на граѓаните се укинува зелениот картон, па затоа ќе ја зголемиме цената за регистрација на возилата“. Хе, несреќо од министерке, кои трошоци се намалуваат за граѓаните кога зголемуваш цена за регистрација на возилата, алоо? Од едно место ги преусмеруваш парите на друго. Узми уби па ме пушку…

Да се разбереме, кога партијските закони стануваат државни, ондак, нема разлика помеѓу однесувањата на оние назначени функционери од владите на СДСМ и овие од ДПМНЕ.Слични се, мање више, више мање,напред назад, “барбут“. За оние помалите коалициони партнери муабет да не праиме. Душички, пред да седнат имаат испланирано како ќе крадат, битно им е да седнат па макар и во паркови и зеленило, во паркинзи, во Градска библиотека .

Образложението за таквиот однос им е меногу едноставен, вика: крадат тие, зошто да не крадам и јас, не сум глуп. Чесноста во друштво на апаши е проблем, те снемува во периодот кога си ги затворил очите пред кивање, а кога ќе кивнеш и ги отвориш гледаш дека си на улица, пардон, дома, нема више фотелја. Чесноста не вирее во партијските закони. Тие закони дозволуваат да имаш три стана во Скопје, ама ако си пратеник од Кочани, Гостивар, Охрид или Гевгелија имаш право на стотици илјади евра пари за патни трошоци во еден четиригодишен мандат. Ако си, пак, дел од власта или близок со власта, тогаш сите закони дозволуваат да го земеш тендерот кој ветува милионски провизии, да станеш Судија во Апелеација или Врховен, да аплицираш за Судија во Стразбур, за да го заштитуваш криминалот на оние кои те поставиле…

Се’ што не е според законите мора да биде согласно со законите на владеачките партии. Тоа е најважно. А тоа дека трошењето на милијардите од Британија ќе бидат транспарентни и дека им се помага на граѓаните со укинувањето на зелениот картон, е четка од влакна на магарешки опаш за замачкување на глупантропството во државава. Не. Не се тие глупи, точно знаат што е според закон а што не е, глупи сме ние што знаеме се’, а немаме закон, (м.да), да направиме нешто.

Се сеќаваме и на законот кој го предложи владата на Ковачевски а Собранието експресно го изгласа, затоа што одговараше на двете опции од апаши, во кој се вели дека злоупотребата на функционерските позиции и нивното злосторничко здружување во грабеж се сведува во прекршочни рамки. И што после? И Ковачевски и неговите апашки азгани се заштитија со закон, а за оние од ДПМНЕ ова беше закон за отварање шампањско. Законот е изгласан, а ние знаеме се’ ама и даље немаме “закон“ да ги треснеме со копач, од онаа, рамната страна…

Тоа што нивната барбика Данела им го плеска в очи, не е законски, и за тоа ќе одговара. Молам? Мислите се заебавам? Абе ај! Ако Данела беше волку паметна и храбра, ако ги знаеше сите закони кои не се косат со законите на ДПМНЕ, немаше да ја прифати подршката на маркираните апаши со бр.1, за да стане тоа што е…

Тоа што нивниот лидер Мицко, како и челникот на патриотското крило на ДПМНЕ Пандов, во оркестриана пратња на карикатурата од претседателка Гога, гордо и самоуверено изговараат Северна, за нивните гласачи не е битно. Воопшто не им е битно и објаснувањето дека таков закон наследиле од северџаните, дека така велел Уставот, и дека затоа и тие “сакале/нејќеле“ морале да изговараат Северна. Па пи.да ли вам лепа мате.ина, со паролата “Никогаш Северна само Македонија“ дојдовте на власт, со ветување дека прво што ќе направите откако ќе дојдете на власт ќе го вратите името, ќе го смените Уставот, дека од ваши усти никогаш нема да се слушне Северна, па после се’ друго. Шије ми га Џура ама за нивните гласачи и ова поминува…

За нивните гласачи не беше битно ни тоа што го слушнаа во бомбите на Заев, ниту во договорите на врвни апаши за хотелски затвор и милионски суми договорени обештетување кон државата, без воопшто да се прашаат, па чекајте бе луѓе, од каде му на Мијалков 36 милиони евра “тики туку така“ да ги врати на државата. Од каде бе тие милиони, ммцлвј? Тие и сега, после се’, и на овие избори ќе гласаат за нив…

Како и да е, 35 години Македонија ја дупчат Законите на партиите. Ниту судиите ниту обвинителите се виновни затоа што и тие се однесуваат според партијските закони. Битно е која партија е на власт, кој ги одбрал, наместил, за да знаат кои закони ќе ги почитуваат. Ние, знаеме се’? Најважно е тоа што немаме моќ да реагираме иако знаеме дека за такво вазалско однесување, потребни се личности со специфичен карактер. Расипани егоистички интерсџии. Такво ни е мнозинството, таква ни е државата, такви ни се челниците и началниците, во такви идиоти ја претвараме младоста, таква ќе ни биде и иднината, такви сме ние гласачите, за жал …

Упатив една порака до Венко дека расчиствањето со ДПМНЕ не може да се направи на избори. Тие и после бомбите освоија два мандати повеќе, такви им се гласачите, а сега, кога се полни со власт и милијарди на општински сметки, не ги руши ни Василије ако ги начека кај Водоча …

Здравиот разум треба да се подготвува за масовен бунт, за внатрешна жестока револуција. Револуција без пенкала. Со булдожери, трактори, копачи, лопати и клоци. Ама, и Комунистички манифест – централизам во првите 10 години, после ваквата апашка демократија. На државата и здравиот разум никогаш нема да им биде доволно апашите да бидат поразени на избори. Ниту ќе им биде доволно да бидат затворени. Сите, и леви и десни, и центристи и зеленисти, мора да вратат и да платат и не да лежат, туку да р’мбаат доживотно за грабежот на државата. Друг излез од оваа ситуација нема, другари и другарки са свих комитета. Ко друкчије каже, клевеќе и лаже…

Тенкју…

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

Борче Трајковски колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.