Берлин: Сите три партии од германската владејачка коалиција на канцеларот Олаф Шолц постигнаа полоши резултати на денешните избори за Европскиот парламент отколку на претходните избори во 2019 година.
Екстремно десничарската Алтернатива за Германија, АфД, пак, постигна подобри резултати од претходните избори на што упатуваат резултатите од излезната анкета.