НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

КОБНАТА КОТА 524 – прво продолжение

0
By Marija Todorovska on March 7, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

20 години од загинувањето на Претседателотна Република Македонија Борис Трајковски – 26 февруари 2004

НОВА пренесува хронологија вести на Македонската медиумска агенција – МИА за авионската несреќа во која утрото на 26 февруари на пат за Мостар, БиХ, во близина на мостарскиот аеродром, крај Столац на месноста Ротмиље, Кота 524, се урна државниот авион при што трагично загина Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски.

Во несреќата загинаа и осумте патници членови на неговиот кабинет, советниците Димка Илкова Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришнан Лозановска, на обезбедувањето Миле Крстевски, Аце Божиновски и Борис Велиновски како и екипажот на авионот капетанот Марко Марковски и копилотот Бранко Ивановски.

Владиниот авион од типот „Кингер“ во услови на магла и сложени метеоролошки услови се урна на брдовит терен во близина на мостарскиот аеродром кај местото Столац, кота 524.

ВЕСТ ПРВА: Авионот исчезна …

(УРГ) ИСЧЕЗНА АВИОНОТ СО КОЈ ПАТУВАШЕ МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Скопје/Мостар, 26 февруари (МИА) – Во близина на Мостар кај Столац, утрово исчезна авионот Кингер со кој патуваше македонскиот претседател Борис Трајковски со членови на Кабинетот.

Веста ја јави известувачот на МИА, Сузи Стоименова-Котева од конференцијата во Мостар на која требаше да учествува и претседателот. ВЕСТ ВТОРА: Авионот се урна …

(УРГ) СЕ УРНА АВИОНОТ СО КОЈ ПАТУВАШЕ МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Мостар, 26 февруари (МИА) – Во близина на Мостар кај Столац, утрово се урна авионот Кингер со кој патуваше македонскиот претседател Борис Трајковски со членови на Кабинетот, јави МИА од Мостар, повикувајќи се на изјава на босански официјални претставници.

Во авионот се наоѓале вкупно девет лица.Авионот требало да слета во 8 часот по локално време.

Во потрага по остатоците од авионот се хеликоптери на СФОР.

Македонскиот претседател требаше да учествува на меѓународната конференција за инвестирање во Босна.ВЕСТ ТРЕТА: Претседателот загина …

(УРГ) БЕРТИ АХЕРН: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ ЗАГИНА ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА

Даблин, 26 февруари (МИА) – Ирскиот премиер Берти Ахерн штотуку соопшти дека македонскиот претседатетел Борис Трајковски денеска загинал во авионска несреќа во Босна и Херцеговина.Ова го пренесува известувачот на Македонската информативна агенција од Даблин, Илиријана Шурлани.

        КОБНАТА КОТА 524

февруари 2004 08 : 01 – 05 март 14 : 00 175 часа вести

           февруари 2004

 

(УРГ) ИСЧЕЗНА АВИОНОТ СО КОЈ ПАТУВАШЕ МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Скопје/Мостар, 26 февруари (МИА) – Во близина на Мостар кај Столац, утрово исчезна авионот Кингер со кој патуваше македонскиот претседател Борис Трајковски со членови на Кабинетот.

Веста ја јави известувачот на МИА, Сузи Стоименова-Котева од конференцијата во Мостар на која требаше да учествува и претседателот Трајковски.

(УРГ) ИСЧЕЗНА АВИОНОТ СО КОЈ ПАТУВАШЕ МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Скопје/Сараево, 26 февруари (МИА) – Во близина на Мостар кај Столац, утрово исчезна авионот Кингер со кој патуваше македонскиот претседател Борис Трајковски со членови на Кабинетот.

Веста ја потврди известувачот на МИА од конференцијата во Мостар на која требаше да учествува и претседателот.

Веста ја потврдија и дел од босанските медиуми. Во потрага по авионот се упатија хеликоптери на СФОР.

(УРГ) ИСЧЕЗНА АВИОНОТ СО КОЈ ПАТУВАШЕ МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Скопје/Мостар, 26 февруари (МИА) – Во близина на Мостар кај Столац, утрово исчезна авионот Кингер со кој патуваше македонскиот претседател Борис Трајковски со членови на Кабинетот.

Веста ја потврди известувачот на МИА од конференцијата во Мостар на која требаше да учествува и претседателот.

Веста ја потврдија и дел од босанските медиуми. Во потрага по авионот се упатија хеликоптери на СФОР.

Македонскиот претседател требаше да учествува на меѓународната конференција за инвестирање во Босна.

(УРГ) КИНГЕРОТ ИСЧЕЗНАЛ ОД РАДАРОТ

Скопје/Мостар, 26 февруари (МИА) – Во близина на Мостар кај Столац, утрово исчезна авионот Кингер со кој патуваше македонскиот претседател Борис Трајковски со членови на Кабинетот.

Веста ја потврди известувачот на МИА од конференцијата во Мостар на која требаше да учествува и претседателот.

Во авионот се наоѓале вкупно девет лица. Авионот требало да слета во 8 часот по локално време.

“Авионот исчезна од радарот. Не можеме да потврдиме дека авионот се урнал”, изјави за МИА претставник на босанската полиција.

Веста ја потврдија и дел од босанските медиуми. Во потрага по авионот се хеликоптери на СФОР.

Македонскиот претседател требаше да учествува на меѓународната конференција за инвестирање во Босна.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ НА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО БИХ

Мостар, 26 февруари (МИА) – Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски денеска и утре ќе престојува во Босна и Херцеговина каде што ќе учествува на Меѓународната конференција за инвестирање во БиХ.

На Конференцијата ќе учествуваат и претседателите на Србија и Црна Гора и на Хрватска, Светозар Маровиќ и Стјепан Месиќ, премиерите на Хрватска, Романија и на Бугарија, Иво Санадер, Адриан Настасе и Симеон Саксобурготски, како и министерот за надворешни работи на БиХ, Младен Иваниќ.

ПРЕМИЕРОТ ЦРВЕНКОВСКИ СЕ ВРАЌА ВО СКОПЈЕ, ОДЛОЖЕНО ПРЕДАВАЊЕТО НА АПЛИКАЦИЈАТА

Даблин, 26 февруари (МИА) – По веста за исчезнувањето на авионот на македонскиот претседател Борис Трајковски, одложена е за денеска најавеното предавање на македонската апликација за членство во ЕУ.

Како што јавија специјалниот известувач на МИА од Даблин, македонската делегација предводена од премиерот Бранко Црвенковски се враќа во Скопје.

(УРГ) СЕ УРНА АВИОНОТ СО КОЈ ПАТУВАШЕ МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Мостар, 26 февруари (МИА) – Во близина на Мостар кај Столац, утрово се урна авионот Кингер со кој патуваше македонскиот претседател Борис Трајковски со членови на Кабинетот, јави МИА од Мостар, повикувајќи се на изјава на босански официјални претставници.

Во авионот се наоѓале вкупно девет лица. Авионот требало да слета во 8 часот по локално време.

Во потрага по остатоците од авионот се хеликоптери на СФОР.

Македонскиот претседател требаше да учествува на меѓународната конференција за инвестирање во Босна.

(УРГ) СЕ УРНА АВИОНОТ СО КОЈ ПАТУВАШЕ МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Скопје, 26 февруари (МИА) – Во близина на Мостар кај Столац, утрово се урна авионот Кингер со кој патуваше македонскиот претседател Борис Трајковски со членови на Кабинетот, јавува МИА повикувајќи се на изјава на претставник на босанските власти.

Во авионот се наоѓале вкупно девет лица.Авионот требало да слета во 8 часот по локално време.

Во потрага по авионот се хеликоптери на СФОР.

Македонскиот претседател требаше да учествува на меѓународната конференција за инвестирање во Босна.

(УРГ) СЕ УРНА АВИОНОТ СО КОЈ ПАТУВАШЕ МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Скопје, 26 февруари (МИА) – Во близина на Мостар кај Столац, утрово се урна авионот Кингер со кој патуваше македонскиот претседател Борис Трајковски со членови на Кабинетот, јавува МИА.

Во авионот се наоѓале вкупно девет лица, јави известувачот на МИА од Мостар. Авионот требало да слета во 8 часот по локално време. Причините за несреќата засега не се познати.

Дел од босанските медиуми јавија дека во моментот на исчезнувањето на авионот од радарот, во тој дел имало голема бура.

Во потрага по авионот се хеликоптери на СФОР.

Македонскиот претседател требаше да учествува на меѓународната конференција за инвестирање во Босна.

(УРГ) СЕ УРНА АВИОНОТ СО КОЈ ПАТУВАШЕ МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Скопје, 26 февруари (МИА) – Во близина на Мостар кај Столац, утрово се урна авионот Кингер со кој патуваше македонскиот претседател Борис Трајковски со членови на Кабинетот, јавува МИА.

Во авионот се наоѓале вкупно девет лица, јави известувачот на МИА од Мостар.

Засега надлежните институции не ја објавуваат листата на патници во авионот.

Авионот требало да слета во 8 часот по локално време. Причините за несреќата засега не се познати.

Дел од босанските медиуми јавија дека во моментот на исчезнувањето на авионот од радарот, во тој дел имало голема бура.

Во потрага по авионот се хеликоптери на СФОР.

Македонскиот претседател требаше да учествува на меѓународната конференција за инвестирање во Босна.

ЧОВИЌ ГО ПОТВРДИ УРИВАЊЕТО НА АВИОНОТ НА МАКЕДОНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА

Мостар, 26 февруари (МИА) – Претседавачот на Претседателството на БиХ Драган Човиќ денеска во Мостар изјави дека авионот на македонската делегација која требаше да присуствува на меѓународнта конференција за инвестиции во БиХ, се урнал кај Столац во Херцеговина.

“Пред формално да ја отвориме конференцијата за инвестирање во Мостар сакам да Ве известам, според се уште неофицијални информации, дека авионот кој ја превезуваше највисоката делегација на Република Македонија на чело со претседателот Борис Трајковски доживеа несреќа”, рече Човиќ.

“Штом имаме официјална потврда за деталите на овој трагичен настан ќе ги известиме учесниците на денешната конференција во Мостар”, истакна Човиќ.

(УРГ) БЕРТИ АХЕРН: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ ЗАГИНА ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА

Даблин, 26 февруари (МИА) – Ирскиот премиер Берти Ахерн штотуку соопшти дека македонскиот претседател Борис Трајковски денеска загинал во авионска несреќа во Босна и Херцеговина. Ова го пренесува известувачот на Македонската информативна агенција од Даблин, Илиријана Шурлани.

ДРАГАН ЧОВИЌ: ИЗГУБИВМЕ ДРАГ ПРИЈАТЕЛ

Мостар, 26 февруари (МИА) – “Сакам да им изразам сочувство на семејството Трајковски, Владата на Македонија и на сите граѓани на Македонија. Изгубивме драг пријател, кој со нас денеска требаше да ги дели радостите на оваа конференција во Мостар”, претседателот на претседателството на БиХ Драган Човиќ.

Тој објасни дека организаторите биле во дилема дали да ја продолжат конференцијата, но токму поради Борис Трајковски, кој со нив учествувал во подготовките на овој настан, одлучиле да продолжат со работата.

Претседателството на Босна и Херцеговина го прогласи петок, 27 февруари, за ден на жалост поради авионската несреќа во која загина Трајковски.

(УРГ) ПРЕМИЕРОТ ЦРВЕНКОВСКИ СЕ ВРАЌА ОД ДАБЛИН ПО ВЕСТА ЗА НЕСРЕЌАТА НА ТРАЈКОВСКИ

Скопје, 26 февруари (МИА) – Македонската делегација предводена од премиерот Бранко Црвенковски, по добивањето на веста за уривање на авионот со кој патуваше шефот на државата Борис Трајковски, го прекина престојот во Даблин и го откажа чинот на предавање на апликацијата за членство на Македонија во ЕУ.

Веднаш по пристигнувањето на премиерот Црвенковски, ќе се одржи итна седница на Владата на Република Македонија.

ВО КИНГЕРОТ ПАТУВАЛЕ ДЕВЕТМИНА

Скопје, 26 февруари (МИА) – МИА ги објавува имињата на лицата што се наоѓале во авионот што се урна кај Мостар:

Борис Трајковски – претседател на Република Македонија;

Димка Илковска-Бошковиќ – советник во Кабинетот на претседателот;

Ристо Блажевски – советник во Кабинетот на претседателот;

Анита Кришнан Лозановска – советник во Кабинетот на претседателот;

Миле Крстевски – Министерство за надворешни работи;

Борис Велинов – обезбедување;

Аце Божиновски – обезбедување;

Марко Марковски – пилот;

Бранко Ивановски – пилот.

ПОТВРДА И ОД МАКЕДОНИЈА – СЕ УРНА АВИОНОТ СО КОЈ ПАТУВАШЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Скопје, 26 февруари (МИА) – Според информациите добиени од СФОР, авионот од типот Супер Кингер Б200 во кој се наоѓал претседателот на Република Македонија Борис Трајковски се урнал денеска во близината на Мостар, соопшти Агенцијата за информации на Република Македонија.

Според информациите на СФОР, спасувачките екипи се упатени веднаш кон местото на несреќата, но се принудени да се движат бавно поради лошите временски услови што владеат на тој терен.

Според информацијата од Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија летот е извршен по барање на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, за што се извршени сите неопходни подготовки. Со авионот управувал капетан Мирко Марковски и копилотот Бранко Ивановски, пилоти со големо искуство и непрекинато заедничко летање во повеќе години, подвлекува Службата за општи и заеднички работи.

КИНГЕРОТ ЛЕТАЛ ОД ОД 6:48 ДО 08:01

Скопје, 26 февруари (МИА) – Авионот со претседателот Трајковски од аеродромот  Скопје полетал во 6:48. Во авионот се наоѓале вкупно седум патници.

Според информации од Службата, авионот е загубен од радарската контрола во 08 часот и 1 минута на подрачјето околу Столац, 30 километри јужно од Мостар.

АВИОНОТ СО КОЈ ПАТУВАШЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ Е ОД ТИПОТ “КИНГ-ЕР”

Скопје, 26 февруари (МИА) – Авионот во кој беше претседателот на Македонија Борис Трајковски со членови на неговиот Кабинет е сопственост на Владата на Република Македонија. Називот на авионот е “Супер Кинг-ер 200”. Во употреба е 25 години.

Авионот е произведен од американската компанија “Бич крафт”. Овој тип авиони располагаат со два турбо елисни мотори. Наменети се главно за кратки и средни релации.

Во светот се користи за дипломатски и за бизнис патувања. Во Македонија, во Управата за цивилна воздушна пловидба, авионот е регистриран со ознаката “З-3 БАБ”, (зулу 3 браво-алфа-браво).

ПРОНАЈДЕНИ ОСТАТОЦИТЕ НА АВИОНОТ ВО КОЈ СЕ НАОЃАЛ ТРАЈКОВСКИ

Мостар, 26 февруари (МИА) – Спасувачките екипи на Република Српска ги пронашле остатоците од авионот со кој патуваше македонскиот претстедател Борис Тајковски во реонот на село Битуње, општина Берковиќи, кота 524.

Веста е објавена на босанските медиуми, но не е потврдена.

ПРОНАЈДЕНИ ОСТАНКИТЕ ОД МАКЕДОНСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА ШТО ПАТУВАШЕ ВО МОСТАР, ТВРДИ ПОРТПАРОЛОТ НА БОСАНСКАТА ПОЛИЦИЈА

Мостар, 26 февруари (МИА) – Откриени се телата на загинатите во авионската несреќа што денеска се случи во близина на Столац, БиХ, во која загина македонскиот претседател Борис Трајковски и членови на делегацијата што патуваше со него.

Специјалниот известувач на МИА Сузи Стоименова – Котева јави дека се откриени телата на загинатите, а информацијата за наоѓањето на телата ја потврди и портпаролот на полицијата на Федерацијата БиХ Неџад Фејзагиќ.

СФОР соопшти дека околу 9 часот изгубил контакт со претседателскиот авион кој во Мостар требало да слета во 8 часот и 30 минути

МАРШРУТА НА ЛЕТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ

Скопје, 26 февруари (МИА) – Авионот со кој се превезуваше македонскиот претседател Борис Трајковски утрово полета од скопскиот аеродром.

Вообичаено дозвола за полетување на авионот му дала скопската контрола на летање, а потоа минувајќи низ повеќе обласни контроли во фазата на приближување на мостарскиот аеродром авионот е преземен од босанската и обласната мостарска контрола на летање.

Авионот се движел по маршрута на обласните контроли на летање – Скопје – Албанија – Србија и Црна Гора – Босна.

РЕАКЦИИ ПО АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ, ЕРХАРД БУСЕК

Брисел, 26 февруари (МИА) – Координаторот на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа Ерхард Бусек изрази жалење поради “трагичната смрт” на македонскиот претседател Борис Трајковски, чиј авион утринава се урна во јужниот дел на Босна и Херцеговина.

“Трајковски беше вреден сојузник во соработката на Македонија и Пактот за стабилност. Неговото влијание како посредник за време на тензиите во Македонија и неговото разбирање за малцинските прашања го правеа неговиот морален авторитет, кој далеку ги надминува рамките на неговата земја”, оцени Бусек.

“Пактот за стабилност упатува длабоко сочувство до граѓаните на Македонија, македонската Влада и семејството и пријателите на покојниот претседател”, се вели во реакцијата на Бусек.

МВР ЌЕ ИСПРАТИ ЕКСПЕРТСКИ ТИМ ВО БИХ

Скопје, 26 февруари (МИА) – Експертски тим на Министерството за внатрешни работи и претставници на државните институции од земјава се подготвуваат да заминат за Сараево, откако изутрината во Столац, близу Мостар, се урна авионот во кој се наоѓаше македонскот претседател Борис Трајковски.

Како што изјави за МИА Мирјана Контевска, советник за односи со јавноста во МВР, во екипата ќе биде и претставник од евромисијата “Проксима”.

Министерството за внатрешни работи поради несреќата, ќе преземе конкретни мерки и активности.

“Ќе го засилиме обезбедувањето на објектите што се од витален интерес Собранието, Владата и аеродромот ‘Петровец’, зголемено ќе биде вниманието посебно на станичните подрачја и граничните премини, а ќе бидат зајакнати и пешачките контроли”, рече Контевска.

РЕАКЦИИ ПО АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ, ФАТОС НАНО

Тирана, 26 февруари (МИА) – Албанскит премиер Фатос Нано испрати телеграма со сочуство до претседателот на македонската Влада Бранко Црвенковски, по повод смртта на претседателот Борис Трајковски.

БИ-БИ-СИ: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ БЕШЕ КЛУЧЕН СОЈУЗНИК НА ЗАПАД НА БАЛКАНОТ

Лондон, 26 февруари (МИА) – Британските електронски медиуми утринава јавија дека авионот на македонскиот претседател Борис Трајковски, се урна во планинските предели околу градот Столац во југоисточна Босна и Херцеговина, кота 524 во “исклучитено тешки услови за летање” поради густата магла и дождот.

Во првите коментари за загинувањето на претседателот Трајковски се вели дека тој беше сметан за клучен сојузник на Запад на Балканот кој одигра клучна улога во постигнувањето мирно решавање на конфликтот после “побуната на етничките Албанци” во 2001 година.

Потсетувајќи на изборот на Трајковски за претседател во 1999 година, на местото на дотогашниот прв претседател на Македонија Киро Глигоров, Би-Би-Си коментира дека тоа беше сигнал за можната промена во политичкото сфаќање во оваа поранешна југословенска република, со понагласено истакнување на националното, а всушност тој не можеше да биде избран без добар дел од гласовите на македонските Албанци.

За Трајковски Би-Би-Си вели дека подоцна се дистанцирал од ВМРО-ДПМНЕ и традиционалниот македонски национализам на оваа партија. Неговиот потолерантен однос одигра важна улога во договарањето на крајот од шестмесечните воени судири, а потоа работеше засилено на реализацијата на Охридскиот мировен договор.

Последната работа што ја направи претседателот Трајковски беше потпишувањето на апликацијата за прием на Македонија во Европската Унија, што требаше да се случи денеска во Даблин, но церемонијата е одложена затоа што премиерот Бранко Црвенковски ја прекина посетата на Ирска и итно се врати во Скопје, се наведува во коментарот на Би-Би-Си по повод загинувањето на претседателот Трајковски.

ТЕЛЕГРАМИ СО СОЧУСТВО ОД СОВЕТОТ НА ЕВРОПА И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ПССЕ

Стразбур, 26 февруари (МИА) – Генералниот секретар на Советот на Европа Валтер Швимер изрази денеска длабока жалост поради уривањето на авионот со кој патуваше македонската делегација предводена од претседателот Борис Трајковски.

“Трајковски беше човек за мир и дијалог кој придонесе за враќање на мирот по вооружените судири во 2001 година. Неговата смрт е голема загуба како за неговата земја така и за Европа”, истакна Швимер пред Советот.

Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Петер Шидер испрати писмо со сочувство до семејството на претседателот и семејствата на загинатите челнови на делегацијата.

Шидер истакнува дека македонскиот народ загубил лојален државник кој се залагаше за мир и единство на Македонија.

РЕАКЦИИ ПО ПОВОД СМРТТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ, ЕВРОПСКА УНИЈА

Брисел, 26 февруари (МИА) – Претседавачот со Европската унија, ирскиот премиер Берти Ахерн изрази длабока жалост поради трагичната загуба на македонскиот претседател Борис Трајковски, оценувајќи дека тој имал “огромен придонес за мирот во Македонија”.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана, по повод смртта на Трајковски изјави дека ова е “многу трагичен ден за Македонија, меѓутоа и за многу народи во Европа”.

“На македонскиот народ ќе му биде многу тешко да ја пополни оваа празнина”, оцени високиот претставник на ЕУ.

Авионот на претседателот Трајковски, кој ја предводеше македонската делегација, се урна денеска во јужниот дел на Босна, додека патуваше во Мостар на Меѓународната конференција за инвестиции во БиХ.

ДРАГАН ЧОВИЌ ЗА ДЕТАЛИТЕ НА АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА ВО КОЈА ЗАГИНА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ

Мостар, 26 февруари (МИА) – Босанските власти соопштија дека ќе биде формирана комисија која ќе ги испита причините за уривањето на авионот во кој загина македонскиот претседател Борис Трајковски и осум патници и членови на екипажот.

Претседавачот на Претседателството на БиХ Драган Човиќ ги соопшти деталите за трагичната авионска несреќа во која загина македонската делегација.

“Утрово во 8 часот и 15 минути воздушната контрола на СФОР на Федералната дирекција за цивилен сообраќај и јави дека е изгубен радио

контактот со авионот на Владата на Македонија во кој се наоѓаше и претседателот на Република Македонија Борис Трајковски”, рече Човиќ.

Според него, во тој момент контролата на летот ја извршувале француски припадници на СФОР.

“По приемот на информацијата, а во согласност со процедурата, Федералното министерство за комуникации формираше кризен штаб кој ги презеде сите потребни мерки, а силите на СФОР почнаа истрага”, истакна Човиќ.

“Државната дирекција за цивилна авијација веќе формираше истражен тим, кој ќе ги испита сите околности. Советот на министрите на БиХ на местото на несреќата го испрати министерот за безбедност Бариш Чолак и министерот за надворешни работи Младен Иваниќ”, информира Човиќ и додаде дека во текот на денот ќе биде одржана седница на Претседателството на БиХ.

МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ПОТВРДИ ДЕКА СЕ УРНАЛ АВИОНОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ

Скопје, 26 февруари (МИА) – Заменик претседателот на Владата на Република Македонија Јован Манасиевски попладнево официјално потврди дека авионот во кој патуваа македонскиот претседател Борис Трајковски и уште осум лица изутрината се урна кај Столац кота 524 во Босна и Херцеговина.

Ова го потврдија, рече Манасиевски, и СФОР и Министерството за безбедност на БиХ, кои информираа дека околу 11 часот е лоцирано местото каде што се урнал авионот, на планината Рисник, во општината Љубине.  

 (П р о д о л ж у в а )

 

Борис Трајковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.