НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

КОБНАТА КОТА 524 – шесто продолжение

0
By Marija Todorovska on March 14, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

20 години од загинувањето на Претседателотна Република Македонија Борис Трајковски – 26 февруари 2004

НОВА пренесува хронологија вести на Македонската медиумска агенција – МИА за авионската несреќа во која утрото на 26 февруари на пат за Мостар, БиХ, во близина на мостарскиот аеродром, крај Столац на месноста Ротмиље, Кота 524, се урна државниот авион при што трагично загина Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски.

Во несреќата загинаа и осумте патници членови на неговиот кабинет, советниците Димка Илкова Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришнан Лозановска, на обезбедувањето Миле Крстевски, Аце Божиновски и Борис Велиновски како и екипажот на авионот капетанот Марко Марковски и копилотот Бранко Ивановски.

Владиниот авион од типот „Кингер“ во услови на магла и сложени метеоролошки услови се урна на брдовит терен во близина на мостарскиот аеродром кај местото Столац, кота 524.

КОБНАТА КОТА 524

февруари 2004 08 : 01 – 05 март 14 : 00

175 часа вести

 

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ ПРИСТИГНАА ВО СКОПЈЕ

Скопје, 3 март (МИА) – На скопскиот аеродром Петровец пристигнаа посмртните останки на претседателот Борис Трајковски, на неговите соработници и на двајцата членови на екипажот, кои на 26 февруари го загубија животот во авионска несреќа близу Мостар.

Посмртните останки околу 11.30 минути од Сараево беа испратени со специјален авион Ц-130 на военото јужно крило на НАТО. Во Скопје претседателот ги дочекаа семејството, сопругата Вилма Трајковска со децата, неговиот татко и браќата, премиерот Бранко Црвенковски, министерката за надворешни работи Илинка Митрева, министерот за внатрешни работи Хари Костов, претседателот на Собранието Љупчо Јордановски, градоначалникот на Скопје Ристо Пенов, заменик претседателот на Владата Муса Џафери, претставници од Кабинетот на претседателот, како и членови на највисокото раководство на партијата ВМРО-ДПМНЕ на чело со лидерот Никола Груевски.

Посмртните останки беа пречекани со највисоки воени и државни почести на местото од каде што тој обично секогаш тргнуваше на своите патувања. Ковчегот од авионот го изнесоа телохранителите на претседателот и им го предадоа на старешините на Армијата на Република Македонија. Почит на загинатиот претседател му оддадоа и припадниците на гардата кои секогаш го испраќаа и го дочекуваа во изминатите четири години.

Колоната со почесна стража на пат кон Парламентот помина и низ скопската населба Ченто, каде што живееше претседателот Трајковски пред да биде избран на оваа функција. Крајна дестинација на возилото, во кое се посмртните останки на претседателот е зградата на Собранието на Република Македонија, каде што в четврток од 9 до 23 часот ќе биде изложено за јавност.

Посмртните останки на другите загинати, кои денеска исто така пристигнаа со воениот авион од Сараево, ги изнесоа старешини на АРМ. На аеродромот беа присутни нивните роднини и членовите на потесните семејства.

Советниците во претседателскиот Кабинет, Димка Илкова-Бошковиќ и Ристо Блажевски, Миле Крстевски од МНР, пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски ќе бидат погребани на градските гробишта во Бутел, Анита Кришан-Лозановска ќе биде погребана во родниот Велес, а членовите на обезбедувањето Борис Велинов и Аце Божиновски ќе бидат погребани во нивните места – Илинден и Бардовци.

На церемонијата на испраќање во Босна и Херцеговина присуствуваа шефот на македонската делегација, министерот за правда Иџет Мемети, министерот за одбрана Владо Бучковски и заменик-началникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајорот Мирослав Стојановски со гардистите на претседателот Трајковски.

НА ПОГРЕБОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ НАЈАВЕНО ПРИСУСТВО НА ДЕЛЕГАЦИИ ОД 47 ДРЖАВИ

Скопје, 3 март (МИА) – Четириесет и седум држави официјално го најавиле присуството на погребот на претседателот Борис Трајковски. Потврдено е дека на церемонијата, како претставник на меѓународната заедница ќе говори Романо Проди, претседател на Европската комисија.

Моментно во Министерството за надворешни работи состанок одржуваат акредитираните амбасадори во земјава. Тие, како што изјави портпаролот на МНР Душко Узуновски, се договараат околу организацијата на престојот на странските делегации од кои дел се очекува да допатуваат утре, а некои в петок.

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ ПОЛОЖЕНИ ВО СОБРАНИЕТО

Скопје, 3 март (МИА) – Во зградата на Собранието на Република Македонија пристигнаа посмртните останки на претседателот Борис Трајковски кои во 14.30 часот со авион беа превезени од Сараево до аеродромот Петровец во Скопје.

Пред зградата на Парламентот ковчегот беше пречекан со сите државни и воени почести од единица на гардата, воените старешини на АРМ и од илјадници граѓани кои беа собрани пред зградата на Собранието да му оддадат почит на својот претседател.

По внесувањето на посмртните останки во Собранието тоа ќе биде затворено за јавност додека се средат церемонијалните работи.

Одарот на кој ќе биде поставен ковчегот на претседателот Трајковски граѓаните ќе можат да го посетат и да му оддадат последна почит на шефот на државата утре од 9 до 23 часот.

На скопскиот аеродром Петровец посмртните останки на претседателот Борис Трајковски, на неговите соработници и на двајцата членови на екипажот, кои на 26 февруари го загубија животот во авионска несреќа близу Мостар попладнево беа пречекани со сите државни и воени почести.

Таму беа присутни семејството на претседателот Трајковски и на другите загинати, премиерот Бранко Црвенковски, министерката за надворешни работи Илинка Митрева, министерот за внатрешни работи Хари Костов, претседателот на Собранието Љупчо Јордановски, градоначалникот на Скопје Ристо Пенов, заменик претседателот на Владата Муса Џафери, претставници од Кабинетот на претседателот, како и членови на највисокото раководство на партијата ВМРО-ДПМНЕ на чело со лидерот Никола Груевски.

Ковчегот со телото на претседателот од авионот го изнесоа неговите телохранителите и им го предадоа на старешините на Армијата на Република Македонија. Почит на загинатиот претседател му оддадоа и припадниците на гардата кои секогаш го испраќаа и го дочекуваа во изминатите четири години.

Колоната со почесна стража на пат кон Парламентот помина и низ скопската населба Ченто, каде што живееше претседателот Трајковски пред да биде избран на оваа функција. Тој ќе биде погребан в петок во Алејата на великаните на гробиштата Бутел.

Советниците во претседателскиот Кабинет, Димка Илкова-Бошковиќ и Ристо Блажевски, Миле Крстевски од МНР, пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски ќе бидат погребани на градските гробишта во Бутел, Анита Кришан-Лозановска ќе биде погребана во родниот Велес, а членовите на обезбедувањето Борис Велинов и Аце Божиновски ќе бидат погребани во нивните места – Илинден и Бардовци.

Посмртните останки на настраданите во авионската несреќа и на претседателот Трајковски денеска околу 11.30 минути од Сараево беа испратени со специјален авион Ц-130 на јужното воено крило на НАТО.

На церемонијата на испраќање во Босна и Херцеговина присуствуваа шефот на македонската делегација, министерот за правда Иџет Мемети, министерот за одбрана Владо Бучковски и заменик-началникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајорот Мирослав Стојановски со гардистите на претседателот Трајковски.

НАД 650 ПРЕТСТАВНИЦИ НА ДОМАШНИ И СТРАНСКИ МЕДИУМИ ЌЕ ГО СЛЕДАТ ПОГРЕБОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ

Скопје, 3 март (МИА) – Погребот на претседателот Борис Трајковски предвиден за в петок, ќе го следат над 650 претставници од медиумите.

Од нив, 65 новинари, 40 фоторепортери и сниматели и околу 30 технички лица се од странство, соопшти портпаролот на Одборот за погреб Веле Митановски.

Според Митановски, најбројни се акредитираните медиуми од Италија, Грција и Бугарија, но церемонијата ќе ја следат и информативните куќи од целото соседство, од Романија и од Полска.

Погребот ќе го покриваат и екипи на Асошиетед прес, Ројтерс, ИТАР-ТАСС и Франс прес.

Македонската телевизија на вториот канал ќе го пренесува погребот без своето излезно лого. Тоа ќе им овозможи на сите заинтересирани информативни куќи да ја преземат снимката и на неа да го стават своето, рече Митановски.

Тој информира дека Радио Телевизија Србија, буграската национална телевизија и Радио Телевизија Косово испратија репортажни возила со комплетни екипи и камери, што доколку има потреба бесплатно ќе и бидат ставени на располагање на МРТВ.

март 2004

ПОГРЕБ НА СОРАБОТНИЦИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ И ЕКИПАЖОТ НА АВИОНОТ

Скопје, 4 март (МИА) – Посмртните останки на осумтемина соработници на претседателот Борис Трајковски и членовите на екипажот кои загинаа во авионската несреќа на 26-ти минатиот месец, денеска ќе бидат погребани.

Ристо Блажевски и Димка Илкова-Бошковиќ, советници во Кабинетот на Претседателот, Миле Крстевски од Министерството за надворешни работи и двајцата членови на екипажот Бранко Ивановски и Марко Марковски ќе бидат погребани на Градските гробишта во “Бутел”.

Членовите на обезбедувањето Борис Велинов ќе биде погребан на гробиштата во Илинден, а Аце Божиновски во Бардовци.

Анита Кришан-Лозановски од Кабинетот на Претседателот ќе биде погребана на гробиштата во Велес.

ГРАЃАНИТЕ МУ ОДДАВААТ ПОЧИТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ ПРЕД НЕГОВИОТ ОДАР ВО СОБРАНИЕТО

Скопје, 4 март (МИА) – Граѓаните на Република Македонија од утринава му оддаваат почит на загинатиот претседател Борис Трајковски пред неговиот одар во холот на македонското Собрание. Пред собраниската зграда се собрани голем број граѓани кои чекаат на ред да се поклонат кај посмртните останки на претседателот Трајковски.

Одарот со посмртните останки на претседателот Трајковски е поставен во главниот хол. Ковчегот е покриен со знамето на Република Македонија. Пред него е поставена сликата на претседателот Трајковски и перниче со одликувањата што ги имаше добиено за неговата работа. Десно од одарот се поставени венци со црвени и жолти цветови. Букет со цветови со иста боја има и врз ковчегот. На скалите се поставени знамиња што се спуштени на половина копје.

Крај одарот почесна стража даваат припадници на претседателската гарда.

Предвидено е најнапред букети цвеќиња да положат здруженијата на граѓани, а по нив членови од Гимназијата “Нова” каде што учи ќерката на претседателот Сара и од Основното училиште “Кочо Рацин ” каде што учи синот на претседателот Стефан. Букети цвеќиња потоа ќе положат претставници на медиуми, на претпријатија, на политички партии, како и на органи на државната управа од општините и на странски делегации.

Граѓаните, домашни и странски делегации ќе можат да му оддадат почит на претседателот пред неговиот одар вечерва до 23 часот.

АЛЕЈАТА НА ВЕЛИКАНИТЕ ПОДГОТВЕНА ЗА ПОГРЕБОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ

Скопје, 4 март (МИА) – Алејата на великаните во гробиштата “Бутел” е подготвена за погребот на претседателот Борис Трајковски.

Во близина на местото каде што ќе бидат положени посмртните останки изградени се платформи на кои ќе бидат сместени странските претставници, членовите на македонската Влада и претставниците на медиумите кои ќе го следат погребот на претседателот Трајковски.

Изградени се пет дрвени платформи кои се обложени со синтелон и заштитени со метална ограда. Две од нив се наменети за членовите на делегациите од странство кои ќе присуствуваат на церемонијата, една е за членовите на Владата на Република Македонија, а на преостанатите две ќе бидат сместени претставниците на медиумите од земјава и странство.

Странските делегации од повисокиот ешалон ќе бидат сместени на централната бина, сместена на северната страна, а останатите странски делегации на бината од источната страна на гробницата. Бината од западната страна е наменета за членовите на Владата, додека новинарите, фоторепортерите и снимателите ќе бидат сместени на двете бини кои се наоѓаат на јужната страна. Членовите на Собранието на Република Македонија и потесното семејство на починатиот претседател ќе бидат на зелениот простор од предната и задната страна на вечниот дом на претседателот Борис Трајковски.

БОСАНСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ ГИ СОСЛУШАЛО ФРАНЦУСКИТЕ КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ ВО МОСТАР

Сараево, 4 март (МИА) – Државниот обвинител на Босна и Херцеговина Васо Маринковиќ, шеф на тимот што ги истражува причините за уривањето на авионот на македонскиот претседател, ги негираше тврдењата на СФОР дека француските контролори на летање биле веќе сослушани од страна на истражниот тим на БиХ.

“Со нив никој од нашиот тим не разговарал. Не знам со кого тие воопшто разговарале, но со нас сигурно не”, изјави Маринковиќ за дел од босанските медиуми.

Портпаролот на бригадата “Југоисток” на СФОР, Норберт Хоерпел рече дека има информација оти контролорите на летањето биле сослушани, но и тој не знае кој разговарал со нив.

“Знам дека тоа беа членови на истражниот тим, но не ги знам нивните имиња”, изјави Хоерпел кој додаде дека СФОР за време на потрагата по местото на инцидентот пружил максимална поддршка “во исклучително тешки временски услови”.

Портпаролот на Европската полиција во БиХ, Кирстен Хаупт ги отфрли тврдењата дека Европолицијата е одговорна за дезинформациите пласирани на денот на несреќата.

Министерот за безбедност на БиХ, Бариша Чолак ги демантираше информациите дека СФОР прв ги пронашол црните кутии и оти по неколку часа ги предал на Обвинителството на БиХ.

“Колку што знам јас, во моментот кога Обвинителството излезе на местото на несреќата, црната кутија се наоѓаше на местото каде се наоѓаа остатоците од авионот”, изјави Чолак.

5 март 2004

ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Скопје, 5 март (МИА) – Претседателот Борис Трајковски денеска ќе биде погребан во Алејата на великаните на гробиштата Бутел крај Скопје.

Погребната церемонија ќе почне во 11 часот и 55 минути, а погребот ќе биде извршен околу 14 часот со највисоки државни и воени почести.

Последната почесна стража покрај одарот пред изнесувањето на ковчегот ќе ја држат претседателот на Собранието Љупчо Јордановски, премиерот Бранко Црвенковски и претседателите на Уставниот и на Врховниот суд.

На погребната церемонија прв ќе зборува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски потоа претседателот на Европската комисија, Романо Проди од името на меѓународната заедница, потоа Бранко Црвенковски, премиер на Македонија и бискупот на Југоисточна Европа од методистичко-евангелистичката црква.

Граѓаните ќе можат да положат цвеќе на гробот на претседателот Трајковски по 15 часот по погребната церемонија.

СТРАНСКИ ДЕЛЕГАЦИИ ДЕНЕСКА ЌЕ ПОЛОЖАТ ВЕНЦИ ПРЕД ОДАРОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ

Скопје, 5 март (МИА) – Повеќе странски делегации денеска во Собранието на Република Македонија ќе положат венци пред одарот на претседателот Борис Трајковски.

Ви го пренесуваме редоследот на положувањето венци:

09.00 Руска Федерација, делегацијата ја предводи заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјазов.

09.03 Евангелско-методистичка црква, делегацијата ја предводи Хенрих Болетер.

09.06 Украина, делегацијата ја предводи премиерот Виктор Јаункович.

09.10 Унгарија, делегацијата ја предводи премиерот Ференц Мадл.

09.13 Португалија, делегацијата ја предводи претседателот на Врховен суд, Хорхе Арагао Сеија.

09.16 Грција, делегацијата ја предводи министерот за надворешни работи Тасос Јаницис.

09.19 Велика Британија, делегацијата ја предводат личниот претставник на кралицата Елизабета Втора, војводата од Глостер и Денис Мекшеин, државен министер за Европа.

09.22 УНМИК, делегацијата ја предводи шефот на УНМИК, Хари Холкери.

09.25 САД, делегацијата ја предводи министерот за воени ветерани, Ентони Принципи.

09.28 Италија, делегацијата ја предводи министерот за регионални прашања Енрико Лалоџа.

09.31 ОБСЕ, делегацијата ја предводи Соломон Паси, министер за надворешни работи на Бугарија.

09.34 Бугарија, делегацијата ја предводи претседателот Георги Прванов.

09.40 Жељу Желев, поранешен претседател на Бугарија.

09.43 Ирска, делегацијата ја предводи министерот за одбрана Мајкл Смит.

09.46 Египет, делегацијата ја предводи амбасадорот Осама Мохамед Тауфик.

09.49 Србија и Црна Гора, делегацијата ја предводи претседателот Светозар Маровиќ.

09.52 Турција, делегацијата ја предводи потпретседателот на Владата Абдул Латиф Шенер.

09.55 Пакистан, делегацијата ја предводи амбасадор Шер Афган Кан.

09.58  Делегација на Франција.

10.01 Јордан, делегацијата ја предводи амбасадорот Атеф Халаса.

10.04 Полска, делегацијата ја предводи претседателот Александар Квашњевски.

10.07 Европска банка, делегацијата ја предводи потпретседателот Хана Гронкиевиц.

10.12 Делегација на Кореја.

10.15 КФОР, делегацијата ја предводи адмиралот Џонсон.

10.18 Албанија, делегацијата ја предводи премиерот Фатос Нано.

10.21 Европски Парламент, делегацијата ја предводи Дорис Пак.

10.30 Австрија, делегацијата ја предводи претседателот Томас Клестил.

10.33 Совет на Европа, делегацијата ја предводи генералниот секретар Валтер Швимер.

10.36 Пакт за стабилност, делегацијата ја предводи координаторот Ерхард Бусек.

10.39 Холандија, делегацијата ја предводи министерот за развој Агнез ван дер Ховен.

10.42 Литванија, делегацијата ја предводи министерот за одбрана Линас Линкевициус.

10.45 Словачка, делегацијата ја предводи претседателот Рудолф Шустер.

10.48 Милан Кучан поранешен претседател на Словенија.

10.51 Молдова, делегацијата ја предводи заменикот премиер, Валеријан Кристеа.

10.54 Шпанија, делегацијата ја предводи амбасадорот Хосе Ангел Лопез Хорин.

10.57 НАТО, делегацијата ја предводат генералниот секретар, Јап де Хоп Шефер и Питер Фејт.

11.00 Норвешка, делегацијата ја предводи премиерот Кејл Магне Бондевик.

11.03 Ирска, делегацијата ја предводи министерот за одбрана Мајкл Смит.

11.06 Романо Проди, делегацијата ја предводи претседателот на Европска комисија.

11.09 Романија, делегацијата ја предводи претседателот Јон Илиеску.

11.12 Хрватска, делегацијата ја предводи претседателот Стипе Месиќ.

(П р о д о л ж у в а)

 

      

Борис Трајковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.