НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

КОБНАТА КОТА 524 – трето продолжение

0
By Marija Todorovska on March 11, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

20 години од загинувањето на Претседателотна Република Македонија Борис Трајковски – 26 февруари 2004

НОВА пренесува хронологија вести на Македонската медиумска агенција – МИА за авионската несреќа во која утрото на 26 февруари на пат за Мостар, БиХ, во близина на мостарскиот аеродром, крај Столац на месноста Ротмиље, Кота 524, се урна државниот авион при што трагично загина Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски.

Во несреќата загинаа и осумте патници членови на неговиот кабинет, советниците Димка Илкова Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришнан Лозановска, на обезбедувањето Миле Крстевски, Аце Божиновски и Борис Велиновски како и екипажот на авионот капетанот Марко Марковски и копилотот Бранко Ивановски.

Владиниот авион од типот „Кингер“ во услови на магла и сложени метеоролошки услови се урна на брдовит терен во близина на мостарскиот аеродром кај местото Столац, кота 524.

   

    КОБНАТА КОТА 52

февруари 2004 08 : 01 – 05 март 14 : 00

175 часа вести

 МАКЕДОНСКИ ЕКСПЕРТИ ВЕЌЕ СЕ НА ТЕРЕН КАЈ СТОЛАЦ

Мостар, 27 февруари (МИА) – Екипа од македонското Специјално владино тело што синоќа допатува во Мостар, утрово се упати на терен во близината на Столац, на локација каде што се претпоставува дека се урна авионот со македонската државна делегација предводена од претседателот Трајковски.

Како што јави специјалниот известувач на МИА, во Мостар е формиран кризен штаб што ќе ги координира активностите поврзани околу истрагата, во чиј состав членуваат: заменик-јавниот обвинител на Република Македонија Роксана Крстевска, јавниот обвинител на Федерацијата БиХ, Неџида Крешо и министерот за безбедност на БиХ Бариша Чолак.

Екипите на СФОР, федерацијата БиХ и на локалните власти од општините Столац и Белковиќи ќе продолжат со потрагата.

Владата вчера формираше Специјално владино тело кое отпатува за Мостар со цел да се спроведе истражна постапка во соработка со федералните власти на Босна и Херцеговина преку која ќе се утврди фактичката состојба за несреќата. Владиното тело е составено од над дваесетина експерти, а го предводи министерот за правда Иџет Мемети.

СФОР И ПОЛИЦИЈАТА НА БИХ ЈА ПРОДОЛЖИЈА ПОТРАГАТА ПО ОСТАТОЦИТЕ НА АВИОНОТ

Столац, 27 февруари (МИА) – Меѓународните сили во БиХ и полицијата утрово ја продолжија потрагата по остатоците на авионот на македонскиот претседател Борис Трајковски, кој пред 24 часа се урна во близина на Мостар.

“Потрага повторно почна утрово во 7 часот”, изјави портпаролот на СФОР Дејв Саливен. Според него, војниците се префрлени на теренот и со хеликоптери го пребаруваат регионот на Столац, кај Мостар.

Босанската полиција соопшти дека во операцијата учествуваат и стотина полицајци.

Зоната на пребарување е широка 15 километри.

Екипа од македонското Специјално владино тело што синоќа допатува во Мостар, утрово се упати на терен во близината на Столац, на локација каде што се претпоставува дека се урна авионот со македонската државна делегација предводена од претседателот Трајковски.

Како што јави специјалниот известувач на МИА, во Мостар е формиран кризен штаб што ќе ги координира активностите поврзани околу истрагата, во чиј состав членуваат: заменик-јавниот обвинител на Република Македонија Роксана Крстевска, јавниот обвинител на Федерацијата БиХ, Неџида Крешо и министерот за безбедност на БиХ Бариша Чолак.

 (УРГ) АВИОНОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ ЛОЦИРАН ВО ОБЛАСТА НА СЕЛОТО ХУСКОВИЌИ

Мостар, 27 февруари (МИА) – Според информациите од Одделот на службата за потрага и спасување при Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ, во 8 часот и 30 минути спасувачката хеликоптерска единица успеала да го лоцира местото каде што се урнал македонскиот авион, јави известувачот на МИА.

Дирекцијата соопшти дека се работи за областа на селото Хусковиќи.

На местото на несреќата се испратени единици и тимови за спасување. Во тек е проверка на ситуацијата со мини во тој реон.

ИЗЈАВИ НА ЦРВЕНКОВСКИ, СОЛАНА И ЈОРДАНОВСКИ ПО СРЕДБАТА ВО ВЛАДАТА

Скопје, 27 февруари (МИА)

Бранко Црвенковски, претседател на владата на РМ: Денешната посета на високиот комесар на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана е гест на пријателство и поддршка на нашата земја и на македонските граѓани. Тоа е негов личен пристап, но и пристап на ЕУ воопшто.

Разговорите ги искористивме за да го информираме Солана за состојбите во овој момент во земјава и уште повеќе за да го искажеме нашето цврсто убедување дека во вакви околности институциите на државата функционираат и ќе функционираат нормално, а Македонија ќе продолжи по веќе зацртаниот генерален курс, без какво било колебање или губење време.

Хавиер Солана, висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика:

За мене ова не е трагедија само за вашата земја и за семејствата на починатите, туку и моја лична загуба. Јас загубив личен пријател. Јас бев добар пријател со Претседателот, со вашата земја и во овие моменти навистина сочувствувам со сите вас.

Во овие трагични моменти, во овие моменти на тага, секому му се потребни пријатели. Ве уверувам дека имате пријатели во целиот свет, особено во Европската унија.

Граѓаните на Република Македонија може да бидат сигурни дека ЕУ ќе биде и натаму со нив и ќе им помага во следниот период.

Ова се моменти кога земјата треба да покаже единство и одговорност за да продолжи на избраниот курс за приклучување во ЕУ.

Јас им кажав на премиерот Црвенковски и на претседателот на Собранието Јордановски дека во овие моменти може да сметаат на поддршката од Европската унија.

Од името на ЕУ, им порачувам на граѓаните дека ова е момент кога треба да покажат единство и одговорност, но и уште понапорно да работат на постигнувањето на целите. Не се сомневам дека вашата земја ќе ја покаже својата длабока свест.

Љупчо Јордановски, претседател на Собранието на Република Македонија:

Согласно Уставот, мене ми припадна должноста да ги вршам двете функции, претседател на Собранието и претседател на државата, за што максимално ќе се трудам и ќе дадам се од себе. Го информирав Солана дека и двете функции ќе ги извршувам со полн капацитет. Кај сите политички партии застапени во Парламентот постои висока свест за надминување на овој трагичен момент.

ИЏЕТ МЕМЕТИ: УТВРДЕНА ЛОКАЦИЈАТА НА УРНАТИОТ АВИОН

Мостар, 27 февруари (МИА) – Министерот за правда Иџет Мемети, кој го предводи специјалното владино тело што замина за Босна и Херцеговина за да учествува во истрагата околу авионската несреќа на претседателот Борис Трајковски, потврди дека е најдено местото каде што се урнал авионот.

“Во 10 часот и 30 минути од спасувачкиот координативен центар при Министерството за транспорт на Босна и Херцеговина ни потврдија официјално дека местото е најдено меѓу Мостар и Столац. Местото е до патот. Ако се појде од Столац кон Мостар, 400 метри оддалечен од патот кон селото Хусковиќи. Теренот, според информациите што ги добивме не е толку лош. Меѓутоа, се уште постои опасност дека има мински полиња”, изјави Мемети. Тој информира дека во 10 часот и 15 минути првиот хеликоптер на босанските власти предводен од Меџида Крес заменик-јавен обвинител, задолжена за овој случај, тргнала на терен со уште еден техничар. “Со друг хеликоптер кон местото на настанот ќе замине и Роксана Крстева заменик-обвинител заедно со уште еден член на Управата за цивилна воздушна пловидба. Подготвени се и другите екипи, како што се крим-тимови наши и на босанските власти, а по нив исто така во готовност е и екипа на судската медицина”, рече Иџет Мемети.

(УРГ) МИА ОД МЕСТОТО НА ТРАГЕДИЈАТА: ПРОНАЈДЕНИ ДВЕ ТЕЛА И ДЕЛОВИ НА ПАДНАТИОТ АВИОН

Мостар, 27 февруари (МИА) – Во реонот на селото Ротимља, 20 километри јужно од Мостар пронајдени се две тела и делови од урнатиот авион на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, јави специјалниот известувач на МИА, Сузи Стоименова, која се наоѓа во тој реон заедно со дел од новинари од западни медиуми.

“Војниците соопштија дека во Ротимља се пронајдени две тела и опашката на авионот”, изјави босански официјален претставник од истрагата Исмет Јамакосмановиќ,

Тој информира дека се движи зад војниците кои го чистат теренот и оти се пронајдени и други делови од авионот. Остатоците од авионот се распрскани во радиус од педесетина метри.

Во реонот се наоѓаат десетици војници и полицајци од силите на СФОР.

(УРГ) МИА ОД МЕСТОТО НА ТРАГЕДИЈАТА: ПРОНАЈДЕНИ ДВЕ ТЕЛА И ДЕЛОВИ НА ПАДНАТИОТ АВИОН (ДПЛ)

Мостар, 27 февруари (МИА) – Во реонот на Ротимља, 20 километри јужно од Мостар пронајдени се две тела и делови од урнатиот авион на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, јави специјалниот известувач на МИА, Сузи Стоименова, која се наоѓа во тој реон заедно со дел од новинари од западни медиуми.

“Војниците соопштија дека во Ротимља се пронајдени две тела и опашката на авионот”, изјави босански официјален претставник од истрагата Исмет Јамакосмановиќ,

Тој информира дека се движи зад војниците кои го чистат теренот и оти се пронајдени и други делови од авионот. Остатоците од авионот се распрскани во радиус од педесетина метри.

Во реонот се наоѓаат десетици војници и полицајци од силите на СФОР.

Според информациите од Одделот на службата за потрага и спасување при Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ, во 8 часот и 30 минути спасувачката хеликоптерска единица успеала да го лоцира местото каде што се урнал македонскиот авион, јави известувачот на МИА.

Дирекцијата соопшти дека се работи за областа на селото Хусковиќи, во близина на Столац, јужно од Мостар.

Во тој регион, во радиус од 250 километри се случиле три авионски несреќи во кои загинаа Џемал Биједиќ, поранешен претседател на владата на поранешна СФРЈ, американскиот секретар за стопанство, Рон Браун (во 1996г.) и македонскиот претседател Борис Трајковски.

ЧОЛАКОВСКИ: ПРОНАЈДЕНИ ТЕЛАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ И ЛИЦАТА КОИ ПАТУВАА ВО АВИОНОТ

Скопје, 27 февруари (МИА) – Телото на претседателот Борис Трајковски и уште осум други тела се пронајдени од страна на екипите на Федерацијата на Босна и Херцеговина, на СФОР и на македонските претставници, изјави портпаролот на Владата на Република Македонија, Сашо Чолаковски посочувајќи дека ова се уште се неформални информации.

Овие информации според Чолаковски ќе бидат соопштени на прес-конференција што ќе се одржи во Мостар на која ќе зборуваат македонскиот министер за правда Иџет Мемети и министерот за внатрешни работи на Босна и Херцеговина.

По официјалното пристигнување на овие информации, во Скопје Владата ќе одржи прес-конференција.

Портпаролот на Владата Сашо Чолаковски, најави дека во 14 часот премиерот Бранко Црвенковски ќе има средба со лидерите на ДУИ и ЛДП, Али Ахмети и Ристо Пенов. За терминот на средбите со лидерите на другите политички партии ќе биде дополнително соопштено.

КОТАТА 524 КОБНА ЗА НЕСРЕЌАТА

Скопје, 27 февруари (МИА) – Авионот со кој патуваше македонскиот претседател Борис Трајковски се урнал на котата 524 што се наоѓа во близина на селото Хусковиќи, 15 километри од Мостар. На местото на трагедијата пронајдени се и телата на петмина загинати како и делови од леталото, јави специјалниот известувач на МИА од местото на трагедијата Сузи Стоименова.

Информацијата за пронаоѓањето на телата на загинатите беше соопштена и на прес конференција во Мостар на која присуствуваа македонскиот министер за правда Иџет Мемети и босанскиот министер за внатрешни работи.

“Телото на претседателот Борис Трајковски и уште осум други тела се пронајдени од страна на екипите на Федерацијата на Босна и Херцеговина, на СФОР и на македонските претставници”, изјави во Скопје портпаролот на Владата на Република Македонија, Сашо Чолаковски.

Делови од авионот се пронајдени во радиус од 150 метри од местото на трагедијата.

Според информациите од Одделот на службата за потрага и спасување при Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ, во 8 часот и 30 минути спасувачката хеликоптерска единица успеала да го лоцира местото каде што се урнал македонскиот авион, јави известувачот на МИА.

Дирекцијата соопшти дека се работи за областа на селото Хусковиќи, во близина на Столац, јужно од Мостар.

Авионот со кој патуваше македонскиот претседател Борис Трајковски вчера утрото се урна во јужна Босна, во близина на местото Столац.

Дел од локалните медиуми јавуваат дека авионот најверојатно се обидел принудно да слета на рамнина во близина на селото Хусковиќи, 15 километри од аеродромот во Мостар.

Во тој регион, во радиус од 250 километри се случиле три авионски несреќи во кои загинаа Џемал Биједиќ, (1977) поранешен претседател на владата на поранешна СФРЈ, американскиот секретар за стопанство, Рон Браун (во 1996г.) и македонскиот претседател Борис Трајковски.

БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА ПОРАКИ НА СОЧУВСТВО

Скопје, 27 февруари (МИА) – АД “Македонски телекомуникации” по повод смртта на претседателот Борис Трајковски отвори бесплатна телефонска линија “Говорна книга на жалост” преку која сите граѓани на Република Македонија ќе можат да ги остават своите пораки на сочувство упатени до семејството и Кабинетот на претседателот.

Граѓаните своите пораки ќе можат да ги остават на бесплатниот телефонски број 0800 1 2222.

МИА РЕТРО 24

Скопје, 27 февруари (МИА) – Владиниот авион Кингер вчера полета за Мостар. Во авионот се наоѓаат: македонскиот претседател Борис Трајковски, Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Лозановска-советници во Кабинетот, Миле Крстевски, вработен во МНР, Борис Велинов, Аце Велиновски – обезбедување, Марко Марковски и Бранко Ивановски-пилоти.

Следува хронологија на летот, несреќата и сите случувања поврзани со трагичната смрт на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски и членовите на делегацијата и екипажот.

26 февруари

06:48 – Авионот Кингер полетува од скопскиот аеродром кон Мостар по маршрута на обласните контроли на летање – Скопје – Албанија – Србија и Црна Гора – Босна

08:01 – Воздушната контрола на СФОР го губи авионот од радарската контрола на подрачјето околу Столац, 30 километри јужно од Мостар. Во тој момент контролата на летот ја извршувале француски припадници на СФОР.

08:15 – Воздушната контрола на СФОР и јави на Федералната дирекција за цивилен сообраќај дека е изгубен радио контактот со авионот на Владата на Македонија во кој се наоѓаше и претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, соопшти претседавачот на Претседателството на БиХ Драган Човиќ.

11:00 – Претседавачот на Претседателството на БиХ Драган Човиќ потврди дека авионот на македонската делегација се урнал кај Столац во близина на Мостар.

11:30 – Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Муслиманско-хрватската федерација Неџад Вејзагиќ, соопшти дека спасувачките екипи го пронашле местото на уривањето на авионот и оти никој од патниците не преживеал.

11:40 – Претставник на босанските власти соопшти дека спасувачките екипи на Република Српска во реонот на село Битуње, општина Берковиќи ги пронашле остатоците од авионот со кој патуваше македонскиот претседател Борис Тајковски.

13:30 – Претседавачот на Претседателството на БиХ Драган Човиќ соопшти дека Државната дирекција за цивилна авијација формирала истражен тим кој ќе ги испита сите околности. Тој додаде дека Советот на министрите на БиХ на местото на несреќата го испрати министерот за безбедност Бариша Чолак и министерот за надворешни работи Младен Иваниќ.

16:00 – Спасувачките екипи на СФОР и на босанските власти, што на локацијата Долно Битоње трагаа по остатоците од авионот на македонскиот претседател ја прекинаа потрагата на таа локација без да пронајдат ништо. Потрагата продолжи на други локации на планината Врсник на кои се претпоставува дека паднал авионот.

16:30 – Портпаролот во Кабинетот на претседателот на Република Македонија Андреј Лепавцов изјави дека во Кабинетот нема официјална потврда за судбината на претседателот и за членовите на делегацијата која патуваше со него.

16:45 – Македонската државна делегација, предводена од премиерот Бранко Црвенковски, пристигна на Скопскиот аеродром од Даблин каде што требаше да биде поднесена апликацијата за членство на Република Македонија во Европската унија.

17:00 – Портпаролот на СФОР Дејл Саливен демантира дека е пронајдена локацијата на која се урнал авионот. Министрите за надворешни работи и за безбедност, Младен Иваниќ и Бариша Чолак, исто така, изјавија дека не е пронајдено местото каде што се урнал авионот.

17:00 – Уставниот суд до овој момент нема добиено никакво официјално известување за судбината на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, изјави претседателката на Уставниот суд Лилјана Ингилизова – Ристова.

17:30 – Владата на Република Македонија одржа вонредна седница.

19:30 – Седница на Советот за безбедност на Република Македонија

20:00 – Поради лошите временски услови прекината е потрагата по авионот со кој патуваше претседателот Борис Трајковски.

27 февруари

07:00 – Војници на СФОР со хеликоптери ја продолжија потрагата по остатоците од авионот на претседателот Трајковски. На терен се упати и екипа од македонското Специјално владино тело што претходната вечер допатува во Мостар.

08:30 – Спасувачка хеликоптерска единица го лоцира местото каде што се урнал македонскиот авион, информира Службата за потрага и спасување при Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ.

10:30 – Министерот за правда Иџет Мемети информира дека во 10 часот и 15 минути првиот хеликоптер на босанските власти предводен од Меџида Крес заменик-јавен обвинител, задолжена за овој случај, тргнала на терен со уште еден техничар.

10:30 – Официјални претставници на СФОР и босанската полиција го известиле Кабинетот на претседателот на Република Македонија за локацијата каде што вчера се урна авионот со кој патуваше шефот на државата Борис Трајковски и делегацијата.

11:00 – Во реонот на Ротимља, 20 километри јужно од Мостар пронајдени се две тела и опашката на авионот, изјави босански официјален претставник од истрагата Исмет Јамакосмановиќ.

11:30 – Босанските медиуми јавија дека авионот со кој патуваше македонскиот претседател Борис Трајковски се урнал на котата 524 што се наоѓа во близина на селото Ротимља, 15 километри од Мостар.

12:00 – Телото на претседателот Борис Трајковски и уште осум други тела се пронајдени од страна на екипите на Федерацијата на Босна и Херцеговина, на СФОР и на македонските претставници, изјави портпаролот на Владата на Република Македонија, Сашо Чолаковски посочувајќи дека ова се уште се неформални информации.

12:30 – Македонскиот заменик-обвинител Роксана Крстевска соопшти дека се пронајдени едно јагленисано тело, едно што не е изгорено и делови од уште пет тела. Таа потврди дека е пронајдена и црната кутија од урнатиот авион.

13:00 – Информацијата за пронаоѓањето на телата на загинатите е соопштена и на прес-конференција во Мостар на која присуствуваа македонскиот министер за правда Иџет Мемети и босанскиот министер за внатрешни работи.

ВЛАДАТА ФОРМИРА КООРДИНАТИВНО ТЕЛО ЗА ПОГРЕБОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ

Скопје, 27 февруари (МИА) – Владата на Република Македонија формира Координативно тело за подготовка на погребот на претседателот Борис Трајковски.

По официјалното соопштување на веста за смртта на шефот на државата, македонските дипломатски претставништва во странство ќе отворат Книга на жалост.

ОБЕЗБЕДЕНИ СТЕНОГРАМИТЕ ОД ЛЕТОТ НА АВИОНОТ СО КОЈ ЗАГИНА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ

Скопје, 27 февруари (МИА) – Сите елементи што можат да дадат релевантни информации за причините на авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски се обезбедени, соопшти портпаролот на Владата Сашо Чолаковски.

Според него, обезбедени се и стенограмите од пред полетувањето на авионот и околу подготовките на летот. Проверено е и горивото, по што е утврдено дека со исто такво гориво летале пет други авиони.

Запечатен е хангарот од каде што летнал авионот, а специјалниот уред што има иста функција како црната кутија веројатно ќе биде пратен на натамошна експертска анализа во Париз, додаде Чолаковски.

ПРЕМИЕРОТ ЦРВЕНКОВСКИ И ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО НА ВИЛМА ТРАЈКОВСКА

Скопје, 27 февруари (МИА) – Премиерот Бранко Црвенковски попладнево во резиденцијата на претседателот на државата и изрази сочувство на сопругата на претседателот Борис Трајковски, Вилма Трајковска.

ПРЕС НА ВЛАДА – ЈОВАН МАНАСИЕВСКИ: НЕМА ПРЕЖИВЕАНИ

Скопје, 27 февруари (МИА) – Во вчерашната авионска несреќа што се случи близу месноста Столац кај Мостар нема преживеани, потврди специјалното тело на македонската Влада.

“Нашите екипи од 11 часот изутрината се на местото на несреќата. Во моментов пронајдените тела се собираат и се транспортираат во Мостар. Веднаш потоа ќе следи процес на нивна идентификација. Заедно со босанските власти работат крим екипата на нашето Министерство за внатрешни работи и експертите од Институтот за судска медицина. Тие се опремени со се што е потребно”, изјави заменик претседателот на Владата Јован Манасиевски.

Според него, црната кутија од авионот е пронајдена и моментно е кај Јавното обвинителство на Босна и Херцеговина.

Манасиевски потсети дека Владата веднаш по веста за несреќата, вчера формира Координативно тело и испрати специјална екипа со 32 експерти, предводена од министерот за правда Иџет Мемети. Специјалното владино тело е вклучено во сите постапки и има комплетна контрола врз целиот процес.

По добивањето на потврдата за смртта на претседателот Трајковски, неговите соработници и екипажот, Владата формира Одбор за погреб на шефот на државата. Одборот го предводи министерот за одбрана Владо Бучковски, а во него се вклучени братот на претседателот, претставници од сите релевантни институции, шефот на Кабинетот на претседателот и братот на Трајковски.

“Одборот ќе ги преземе сите мерки за организирање достоинствен погреб”, напомена вицепремиерот.

Попладнево во 18 часот во Собранието ќе биде отворена Книга на жалост. Во неа прв ќе се потпише премиерот Бранко Црвенковски.

Книги на жалост ќе бидат отворени и во сите касарни каде што припадниците на Армијата на Република Македонија ќе може да ја оддадат својата почит.

Книги на жалост ќе бидат отворени и во сите дипломатски претставништва.

  (П р о д о л ж у в а)

Борис Трајковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.