Филмот „Кода“, во кој актери се неколку лица со оштетен слух, е годинашен добитник на Оскарот. Освен главното признание за најдобар филм, Трој Коцур стана вториот актер со оштетен слух во историјата воопшто кој е добитник на Оскар (споредна улога).
Научнофантастичната сага „Дина“ од американската Академија за филмска наука и уметности доби најмногу Оскари – шест од можни 10 номинации, меѓу кои и одличјата за монтажа, за визуелни и за звучни ефекти.
Наградата за главна женска улога ѝ припадна на Џесика Честејн во филмот „Очите на Теми Феј“. Ова е прв нејзин Оскар.
Вил Смит, пак, го доби своето прво вакво одличје за најдобар актер за улогата во филмот „Кралот Ричард“.
Признанието за најдобар режисер му беше доделено на Џејн Кемпион за „Моќта на кучето“. Филмот доби само еден „Оскар“ од рекордните 12 номинации.
Аријана Дебуоз ја доби наградата за најдобра женска споредна улога во филмот „Приказната од Западната Страна“.
За најдобар филм од неанглиско говорно подрачје е прогласен „Вози го мојот автомобил“ (од Јапонија).
Најдобра филмска песна е „No time to Die” во изведба на Били Ајлиш за истоимениот филм „Џејмс Бонд 007: Не е време за умирање“.
Најдоброто оригинално сценарио го има филмот „Белфаст“, режиран и напишан од Кенет Брана.
Најдобар анимиран филм е „Енканто“.