Славниот руски поет Јевгениј Александрович Јевтушенко, деновиве гостувал во Париз. На поетската вечер која се одржала во преполната сала во руската амбасада, говорел дека се надева оти ќе дојде време кога културата ќе ја надвладее политиката.
„Мечтаам за времето кога политиката веќе нема да ја одредува културата, туку напротив, културата ќе ја земе под свое политиката“ – рекол 80-годишниот Јевтушенко, пред неговото читање во руската амбасада во Париз.
Неговиот настап бил често прекинуван со овации од публиката.
Со ова гостување на Јевтушенко во Париз, завршен е парискиот циклус на средби со руските писатели, а новиот циклус ќе биде посветен на филмот и театарот.