Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кои се и што сакаат“жолтите елеци”

0
By Светлана Јовановска on December 8, 2018 ВЕСТИ
"Жолтите елеци" ќе победат, пишува на еден париски ѕид.
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Движењето на “жолтите елеци” е без преседан не само во Франција туку и во Европа. Протестите се многу чести во повеќе земји во Европа и во светот но тие протести обично се организирани од синдикатите. Во тој случај, власта може да преговара со првите луѓе во синдикатите за да го смири протестот.

Соочена со “жолтите елеци”, француската власт се најде пред движење кое нема лидер и со тоа, нема соговорник за преговори. Без лидер и организација, “жолтите елеци” се всушност збир на сите социјални и економски незадоволства. Оттука, за власта е многу тешко да ги сфати нивните барања.

Поголема куповна моќ е во срцето на барањата

Нивното прво барање беше укинување на одлуката за поскапување на горивото и куповната моќ. Соочена за насилството и обемот на движењето, власта се откажа од од овој данок. Но, барањата на “жолтите елеци” се хетерогени. Така, во списокот можат да се најдат забрана за вакцинирање, зголемување на буџетот на образованието и здравството, финансиска помош за лица со посебни потреби, мерки против страдањето на животните итн.

Се разбира, ова е дел од широката лепеза на барања. Помеѓу нив, најчесто се споменуваат четири: куповната моќ, правата на автомобилистите, поинаков еколошки данок и нов начин на владеење.

Куповната моќ е вечно барање на сите синдикални листи и се наоѓа во срцето на многу протести. Французите се загрижени пред се за куповната моќ на пензионерите и на автомобилистите, за поскапување на банкарските трошоци или за повисоките тарифи на здравственото осигурување.

Барање за правата на автомобилстите е побизарно од наш аспект. Во Франција казните за сообраќајни прекршоци се големи па така, “жолтите елеци” бараат да престане “ловот” на казни на автомобилистите. Но и да се укине ограничувањето за 80 км час на регионалните патишта (многу Французи секојдневно возат стотици километри поради природата на нивната работа), како и да се намалат високи стандарди на техничките контроли за автомобилите.

Енергетска транзиција, но не врз грбот на најслабите

Протестите всушност започнаа кога француската власт одлучи да влезе во енергетска транзиција. Што значи дека постепено ќе се укинуваат сите загадувачи како јагленот или нафтата и ќе се минува на обновлива енергија. Овој процес е долг и скап па оттука тргна и најавата на власта за зголемување на цената на горивото.

Така, “жолтите елеци” сметаат дека треба да се оди во енергетска транзиција, но не само преку нивниот грб. Според нив, треба да се најде решение со кое ќе има помалку загадување преку автомобилите и греењето, но поголемите цени на бензинот за нив не се решение. Некои од нив имаат и предлози, како крај на производство и продажба на дизел автомобилите, телевработувања што значи дека, кога е можно, вработениот да работи од дома, или данок на керозинот за авионите.

Конечно, новиот начин на владеење е исто така барање на “жолтите елеци”.

Тие бараат референдум, граѓански парламент, оставка на Макрон или Шеста република (во Франција се прогласува нова република при секое менување на Уставот).

На француските телевизии деновиве дефилираат повеќе фигури од “жолтите елеци” кои бараат веднаш да се распушти Парламентот затоа што “тој повеќе не го претставува народот”и бараат оставка од претседателот за кој велат дека не знае да си работи работата. Во неколку збора, “жолтите елеци” бараат правото на одлуки да му се даде на народот.

Движењето избега од контролата на најумерените

Но, полека движењето избега од контролата на најумерените “жолти елеци” кои, од самиот почеток, бараат дијалог со власта за да се најде излез од кризата. Умерените самите тврдат дека движењето се претворило во улично насилство.

Накусо, движењето се радикализираше и тоа ги донесе сцените на насилство во Париз минатата сабота. Радикализацијата дојде и поради лошата проценка на власта која предолго чекаше за да одговори на првичните барања на «жолтите елеци». Овие радикални «жолти елеци» денес не реагираат на било кој повик за дијалог. Умерените што седнуваат на иста маса со власта и потоа повикуваат на смирување на протестите, се обвинети од соборците за «мозок испран од Макрон» и деновиве добиваат закани на социјалните мрежи.

Револуција и разгаленост?

Франција е позната како земја на чести социјални протести и земја со силни синдикати. Сите француски претседатели дошле со ветување дека ќе ја реформираат земјата но сите, соочени со протести, ги напуштале нивните реформски амбиции. Макрон успеа да ја реформира државната железница и покрај протестите минатото лето. Уверен дека ќе продолжи со истиот успех, тргна во нова реформа но, застана пред масовноста на протестите.

За многумина набљудувачи, движењето на “жолтите елеци” почна да се претвора во нова француска револуција против елитите во политиката и бизнисот. За други, станува збор за разгален народ во држава со висока социјална заштита. За други аналитичари, станува збор за зголемување на социјалниот јаз и исчезнување на средната класа против што треба да се крене глас.

Според статистиките, куповната моќ не е намалена а не зголемен ниту бројот на сиромашните. Но, денешното потрошувачко општество смета дека има право на остварување на своите желби а не само потреби.

Значајно е да се спомене дека за движењето се “закачија” и опозициските политичари а пред се екстремната десница и левица. Со доближувањето на европските избори во 2019 година и локалните во 2020 година, гласот на овие партии се повеќе може да се чуе. Според анализите, реална е опасноста дека овие популистички движења ќе ги искористат “жолтите елеци” за да дојдат на власт.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.