Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кои се предлозите за менувањето на Законот за АВМУ?

0
By Нова ТВ on December 22, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако беше објавен нацрт текстот со измените на Законот за АВМУ, следуваа бројни реакции од засегнатите страни.

Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ) е основано во 1946 година. Член е на Меѓународната федерација на новинарите. ЗНМ е независно, самостојно, невладино и непартиско здружение, чија цел е да биде промотор и заштитник на професионалните стандарди и на слободата на изразување.

ЗНМ предлага решение според кое во 2018 година издвојувањето од Буџетот ќе изнесува 0,8%, во 2019 година ќе изнесува 0,9%, а од 2020 година ќе изнесува 1%.

– Ако во законот остане предлог решението од 0.7 % од буџетот на РМ за МРТ, и откако ќе се одземат предвидените средства за финансирање на Јавното претпријатие Македонска радиодифузија и Агенцијата за медиуми, тоа практично ќе значи дека јавниот сервис во 2018 година реално ќе располага со помалку пари од минатите години. Ако се земе предвид фактот дека МРТ ќе има зголемени обврски во следниот период, како што се големите долгови кои поради ненавременото сервисирање во континуитет растат, понатаму потребата од нови кадровски и технички промени, како и новата законска обврска на МРТ за нов ТВ канал за емитување на 24 часовна програма на албански јазик како и новиот канал за емитување на програма на јазиците на другите етнички заедници, тогаш евидентно е дека планираните средства е нужно да се зголемат со цел да се постигне реална реформа – велат од ЗНМ.

ЗНМ предлага и дека постапката за избор на членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ треба да почне по истекувањето на мандатот на актуелниот состав на двата совета.

И покрај тоа што ЗНМ инсистираше на реизбор на членовите на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ поради потребата тие две тела да се деполитизираат, ЗНМ ги прифаќа сугестиите на меѓународниот фактор дека дисконтинуитетот на раководните органи на јавниот сервис и на Агенцијата за медиуми не е добра практика и таа мора да заврши. Со тоа, ако се инсистира на предвремено завршување на мандатите на постојните совети на МРТ и АВМУ во јавноста ќе се создаде впечаток дека контролата од една политичка гарнитура се заменува со друга.

Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги велат дека со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не се обезбедува подобрување на состојбите во медиумската област.

Агенцијата во јавно објавените Ставови и мислења од јули оваа година, потенцираше дека за вистински реформи во оваа сфера фокусот треба да се стави на зголемување на професионалноста на медиумите, на подобрување на условите за вршење на дејноста и јакнење на работните и професионалните права на новинарите и другите медиумски работници, нивното достоинство, безбедност и сигурност, како и на јакнење на саморегулацијата на медиумите.

Наместо ова, во фокусот на предложените измени и понатаму се кадровските промени во регулаторот и јавниот радиодифузен сервис. Сегашниот закон прецизно ги пропишува правилата за гарантирање на професионалниот интегритет, независноста од политички и економски притисок, судир на интереси, како и одговорност за работата. Оттаму, не треба да се продолжува праксата со измени на законот да се менува составот на регулаторот. Ако раководните лица донеле штетни одлуки, односно постапиле спротивно на позитивните законски прописи, тие треба да бидат повикани на одговорност, а не да бидат „амнестирани“ со прекинување на мандатот.

Македонскиот институт за медиуми предлага мандатот на членовите на Советот на АВМУ да биде 6 или 7 години, без право на повторен мандат.

Според МИМ, на тој начин ќе се оневозможи „врзување“ за позицијата на долг рок, што беше и се уште е пракса во сегашниот совет.

Од МИМ предлагаат и дека Собранискиот канал треба да биде под целосна одговорност на Собранието на Република Македонија. Јавниот сервис не треба да биде одговорен за уредувачката политика на овој канал, и тој не треба да се користи за емитување на други програми освен содржини кои се поврзани со работата и функционирањето на Собранието на Република Македонија.

– Не го поддржуваме укинувањето на радиодифузната такса и сметаме дека финансирањето на Јавниот сервис од Буџетот на Република Македонија е погрешно решение. Веруваме дека со подобрувањето на програмската понуда и со департизацијата на раководните органи на МРТ, ќе се подобри и гледаноста и наплатата на радиодифузната такса – пишува во предлозите од МИМ.

“Проектот е финансиран од Европската унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.