Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој е Израелецот од снимките за донацијата којашто ја договара Мијалков

0
By Сашка Цветковска on April 15, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Донација или набавка; ако е набавка дали се договара мито; ако е донација зошто парите легнуваат на сметка на приватна компанија; ако е класифицирана тајна зошто за неа се разговара на телефон; зошто донацијата или набавката би ја договарала именувана судија…Ова се дел од прашањата коишто се покренаа по објавувањето на телефонските разговори помеѓу директорот на УБК Сашо Мијалков, изреалскиот посредник Хаим Хакини, судии, бизнисмени. Овие прашања се уште не добија одговор во македонската јавност, но за нив почнаа да се интересираат и израелските медиуми.

НОВА стапи во контакт со новинарот ветеран Јоси Мелман Кој и самиот се обидува да дознае што, всушност, се случило по скандалот којшто ја инволвира и земјата каде што работи. Toj ja слушнал и официјалната македонска верзија дека парите не се провизија, набавка или поткуп, туку дека „пријателските служби од Израел донирале 5,5 милиони евра за македонското министерство за внатрешни работи, пари кои легнале на сметка на приватна фирма којашто потоа ја набавила опремата“. Го прочитал и извинувањето за скандалот коешто МВР му го упатува на израелското Министерство за одбрана, иако и тој, како и ние овде, не може точно да утврди од која државна институција од Израел дошла таканаречената донација, за кое што вели дека звучи неверојатно.

– Нема теоретски шанси израелската влада или Министерството за одбрана на Израел да донира пари на пријателска влада преку приватна компанија, освен ако не постои нешто невидено необично во овој случај, во што длабоко се сомневам. Израелската помош за странски држави вообичаено се состои од донации во храна, медицинска опрема и друга хуманитарна помош или,пак, во испраќање експерти, а Македонија не влегува во оваа категорија. Од друга страна, Министерството за одбрана на Израел може да донира опрема на друга држава доколку тоа им служи на израелските безбедносни интереси, но уште еднаш ќе повторам ,тоа вообичаено би било донација од владата на владата и многу веројатно дека не би било во кеш и не преку сметка на приватна компанија, вели Мелман.

Јоси Малман со децении следи безбедносни и стратешки прашања во Израел. Тој е добитник на дузина интернационални престижни награди и автор на десетици книги како „Шпионите против Аргмагедон: одблиску со израелските тајни војни“, „Несовршени шпиони: историја на израелското разузнавање“, како и многу книги за конфликтите на Блискиот исток. Член е на Интернационалниот конзорциум за истражувачко новинарство со седиште во Вашингтон

Исто како и НОВА, којашто се обрати писмено во Министерството за надворешни работи на Израел, така и Мелман барал одговори од вмешаните во македонската верзија на настаните. Тој се обратил до израелското министерство за надворешни работи, како и до личноста која е посочена како посредник, Хаим Хакини, но од двете страни одговор којшто го добил бил „немаме коментар“.

Кој е Хаим Хакини

Извори на НОВА во израелските институции до коишто стапивме во контакт преку наши колеги објаснуваат дека Хаим Хакини не е непозната фигура во таа земја. Тој е поранешен висок функционер во израелските безбедносни служби. За државните служби работи до 1997 година. Тогаш преминува во бизнис секторот каде што работи во поголемиот дел од времето работи на конкретни проекти на покана на компании. На пример, еден од нашите соговорници шпекулира дека Хаикини едно време бил најмен како експерт за поставување на безбедносните и разузнувачките служби во една африканска држава, а ангажманот го добил преку приватната израелска компанија „АГ Консалтант“ чијшто директор е Габи Перез, познат трговец со оружје за безбедноста опрема којшто најчесто работи во африканските земји.

Сепак, во една од дипломатските белешки објавени на Викиликс од 27 Март 2009 кога претставници на американската амбасада отишле во седиштето на неговата фирма, се тврди дека Габи Перез, помеѓу останататите земји, посочил дека тргувал и со приватни влади и компании од Србија, Бугарија, Чешка и Романија, но не директно, туку преку компании посредници.

Во изјава за дневниот израелски весник „Марив“ Хакини вели дека нема коментар за овој скандалт велејќи „јас сум сега пензионер“.

За потсетување, Министерството за внатрешни работи во своето официјално соопштение, помеѓу другото, го обвини Заев и за издавање лични податоци на службено лице во израелското министерство за одбрана и загрозување на неговиот живот.

„Катастрофалното објавување на лични податоци на високиот претставник на Министерството за одбрана на државата Израел, не е ништо друго освен напад врз институциите на државата Израел и директно загрозување на личната безбедност на нивното службено лице. Благодарение на осомничениот, службеното лице на израелското Министерство за одбрана во иднина може да биде предмет на било чија закана “, велат од МВР.

Израел во тешка дипломатска позиција

Нашите извори велат дека државата Израел е во незавидна положба и дека мака мачат како да состават одговор за јавноста со којшто не се би се конфронтирале со Македонија, но и не би лажеле.

– Личи на невозможна мисија, вели искусниот новинар Малман.

Веднаш по „бомбата“ на Заев НОВА контактираше и со израелскиот амбасадор кој вети дека во „разумен рок“ од неколку денови ќе ни даде официјален одговор откако ќе се консултира со надлежните. Одговорот се уште го чекаме.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.