Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Kој ќе го брани Гоце годинава!?

0
By Marija Todorovska on January 30, 2024 СТАВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ДЕХРАН МУРАТОВ

Чудно, „патриотите“ годинава не креваат хистеријата и не шират националистичка пропаганда со која лани ги заплашуваа граѓаните дека мора, дури и по цена на живот, да го бранат гробот на Гоце Делчев од Бугарите, оти како што тогаш тврдеа: „Ако го изгубиме Гоце Делчев – ќе ја изгубиме историјата, се губиме сами себе како Македонци“.

Можеби оваа годинава се мирни бидејќи благодарение на онаа мала елитна единица т.н. „гоцева стража“, пред една година успешно го „одбранија“ македонскиот идентитет, јазик, писмо, македонската народна песна, народна носија, македонското сирење, домашната ракија, македонскиот ајвар и македонското сонце…, кога „херојски“ цела ноќ „стражареа“ на гробот на Гоце Делчев (најголемиот дел од нив на тастатура), и на денот на одбележувањето на неговиот роденден, 4 февруари.

Или пак, можеби оваа година „патриотите“ предводени од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, „Гоце Делчев“, предводен од Александар Пандов, како и Јанко Бачев, Петар Богојески, Димитар Апасиев…, мирно (ќе) спијат поради новата техничка влада, предводена од премиерот Талат Џафери, или можеби имаат поголема национална сигурност затоа што има министер за внатрешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ (личен пријател и адвокат на опозицискиот лидер)…

Меѓутоа, да потсетиме и на тоа дека минатата година за добивање на ситни политички поени, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки дезинформираше дека наводно вицепремиерот Артан Груби не се поклони на гробот на Гоце Делчев, обидувајќи се да внесе меѓуетничка нетрпеливост и да предизвика говор на омраза на социјалните мрежи.

На крај, ниту е изгубен ниту може да се изгуби или украде идентитетот, јазикот, нацијата…

Дали повторно ќе има политички фолклор за одбрана на Гоце!?

Преземено: Цивил Медиа

Гоце Делчев националистичка пропаганда Христијан Мицковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.