Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Која институција го нарачала шпионскиот софтвер

0
By Сашка Цветковска on May 28, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Министерството за внатрешни работи е единствената институција која би можела да го нарача софистицираниот софтвер за шпионажа Финфишер за кој истражувачката група од Универзитетот во Торонто утврди дека помеѓу 36 земји во светот кои го имаат нарачано софтверот е и Македонија.

Ова за НОВА го тврдат поранешни вработени во секторот за безбедност кои сакаа да останат анононимни.

Веројатноста дека само МВР има легална можност да го користи овој софтвер за следење на граѓаните преку мобилни телефони и компјутери ја потврдуваат и експертите за софтвер. Дамјан Георгиевски од непрофитната невладина организација „Слободен софтвер“ за НОВА објаснува дека досегашните истражувања на канадската Ситизен лаб која го следи овој софтвер за шпионажа покажале дека најчест таргет на корисниците на софтверот, односно владите низ светот биле токму активистите за човекови права.

И неговите претпоставки се дека правото со закон да користи ваква софистицирана и скапа алатка за следење би можело да го полага само полицијата, а предупредува дека опасностите од ваквиот тип на следење се огромни.

-Тие треба да одговорат, доколку се тие нарачателите, како го користат, дали имаат налози од истражни судии итн. Треба да разбереме дека мерката следење со ваков софтвер е многу подрастична од обично следење на нечии телефонски разговори. Ако ме прислушуваат тоа е можно само ако јас имам акција со телефонот, односно ако ми вртат или вртам некому. Но, со Финфишер вие немате апсолутно никаква контрола врз вашиот мобилен телефон или компјутер, а дури може и да ви се менуваат работи, односно некој да ви подметнува, вели Дамјан Георгиевски од „Слободен Софтвер“.

Целосниот разговор со Дамјан Георгиевски погледнете го во видеото.

ЛЕГАЛЕН СОФТВЕР ЗА НЕЛЕГАЛНА ШПИОНАЖА

Легален софтвер за нелегална шпионажа или моќна алатка во рацете на владите – ова е накусо описот кој Ситизен Лаб и активистите за човекови права во светот го користат за да го опишат Финфишер. Финфишер е произведен од германската компанија Еламан ГМБХ во партнерство со британската групација Гама Груп Интернешнл, а од компанијата тврдат дека софтверот го продаваат единствено на влади и владини органи.

Вкупно 36 земји во светот го имаат набавено овој софтвер, а освен режимски земји, меѓу нив и многу европски држави како Чешка, Холандија и Бугарија. Меѓународната организација Репортери без граници ја смести компанијата Гама на листата на “непријатели на интернетот” и “дигитални платеници”.

Софтверот се инсталира како вирус кој пристигнува во форма на порака за апгрејдување на некој од постоечките програми. Во моментот кога ќе дозволите тоа, а не сте во можност да распознате дека станува збор за вирус, оној кој го користи софтверот може да следи се што правите, па дури и типкањето на тастатурата.

НАДЛЕЖНИТЕ ЗАСЕГА МОЛЧАТ

НОВА вчера упати барање за информација за нарачателот на шпионскиот софтвер до Владата на РМ, до Македонски Телеком, од каде серверот користи ИП адреса според информациите презентирани во извештајот на Ситизен Лаб, а денеска упативме барање и до Министерството за внатрешни работи.

Владата не одговори на барањето, ниту пак, на смс пораките и повиците со кои баравме да ни објаснат дали и кога би можеле да сметаме на одговор. Од МВР одговорот се чека, со оглед на тоа дека им беше испратен подоцна.

Единствено одговори Македонски Телеком , кој не даде информација за тоа чија е ИП адресата на корисникот на овој софтвер, но реагираа на дел од вчерашниот текст на НОВА за шпионскиот софтвер кој ви го пренесуваме подолу.

-Македонски Телеком ја демантира информацијата објавена од новинската агенција Нова дека „Македонски Телеком е провајдер на шпионскиот софтвер Финфишер кој овозможува следење на активностите на граѓаните на компјутер и на мобилен телефон“.

Споменатиот pool на IP адреси во извештајот на истражувачката група Ситизен Лаб се IP адреси кои што ги користат корисниците на интернет услуги на Македонски Телеком. Но, нашата компанија не располага со информација за софтверите коишто корисниците ги користат.

Важно е да се истакне дека при склучување на договор за користење на услугите на Македонски Телеком, претплатникот се обврзува претплатничката линија да ја користи согласно со неговата намена, да не врши злоупотреба, да не вознемирува други претплатници и да не ја користи за цели спротивни на моралните норми и Законот за електронските комуникации, пишува во демантот на Македонски Телеком.

Претпоставката е дека софтверот Финфишер е доста скап иако компанијата производител не кажува колку чини. По падот на Хосни Мубарак беше пронајден договор за набавка на овој софтвер со Египет во вредност од 380.000 долари, но информацијата остана непотврдена бидејќи компанијата никогаш не соопшти дали го продавала софтверот во режимите.

Буџетот на македонската полиција од 2008 наваму почна драстично да се зголемува , а за 2013 нејзиниот буџет изнесува 155, 9 милиони евра.

Шпионскиот софтвер оди преку Телеком

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.