Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колку чини одлагањето на решавање на проблемите?

0
By Xhabir Deralla on January 27, 2023 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ

Во сега далечната 1996 заминав во Брисел како дописник на А1 ТВ. Имаше што да се работи. Во ООН се најде решение за прием на Македонија под референцата ФИРОМ. ЕУ веднаш потоа реши да го склучи и првиот договор со нас. Тоа беше Спогодбата за трговија и соработка како прв чекот во европскиот интеграциски процес. Во тој период беше актуелен и Дејтонскиот договор кој некако стави крај на ужасот во Босна. Во Брисел  тогаш ја изработуваше  Агендата 2000 која ја зацрта стратегијата на проширувањето кон исток.

Во тоа време, Босна беше девастирана од војната, Албанија беше во хаос а кај нас и во тогашна Југославија (Србија и Црна Гора) отворено стоеше прашањето на положбата на Албанците. Во текот на процесот на изработување на стратегијата на проширувањето некои дипломатски кругови се обидуваа да ги  уфрлат во кошницата и Македонија и Југославија. Како новинар од регионот бев на неколку брифинзи на кои за нас беше јасно кажано дека е важно да го решиме проблемот со правата на Албанците.

Дури експлицитно беше кажано дека на Македонија и се потребни уставни промени (положбата на Албанците, употреба на јазикот, високо образование на мајчин јазик или подобро речено враќање на правата кои Албанците ги имаа во СФРЈ. Таа информација ја пренесов на А1 но наместо да биде примена здраворазумски како иницијација за една конструктивна дебата. Информацијата и јас сосе неа бевме дочекани на нож.

Тогаш се соочив со првото етикетирање- платеник на албанското лоби во Брисел… итн. итн. За жал, наместо дебата, ние удривме јако во Гостивар со пендреци по што македонската позиција во тие констелации кога се одлучува за еден стратешки процес каков што е проширувањето на ЕУ; беше крајно компромитирана па како последица бевме исклучени од промислите за наше вклучување во тој интеграциски бран.

Што се случи потоа, знаете сите. За жал, имавме конфликт и жртви во 2001, по што уследи Охридскиот договор со кои Албанците добија многу повеќе од она што се бараше во 1996 година. Уставот се промени но возот на источна Европа кон Брисел веќе беше далеку од појдовната станица. Немаше како да го стигнеме. Во истиот период во 1996 Милошевиќ по потпишувањето на Дејтон почна да добива признанија од надвор дека е некаков миротворец. Со оглед на геостратешката позиција на тогашна Југославија во истото време кога ние ја потпишавме Спогодбата за трговија и соработка  истата му беше понудена и на Милошевиќ но под услов да ја врати автономијата на Косово која ја имаше со уставните промени во поранешна Југославија во 1974 година. Да не должам…

Милошевиќ понудата ја одби и наместо тоа почна да покажува мускули по Косово. И за ова прашање знаете што се случи подоцна. Србија беше бомбардирана а Косово стана независна држава и отворена рана за Србија која еве ја уште крвави и ќе мора да заврши со овој договор кој сега на Белград и Приштина и го нудат Франција и Германија.

И уште еден пример. За името со Грција. Владата на Љупчо Георгиевски имаше понуда од тогашната исклучително либерална политичка елита на власт предводена од Симитис. Понудата беше Северна или Горна Македонија како име за меѓународна употреба без промена на Уставот.

Изгубивме децении  и стотици илјади млади надарени луѓе во јалови дебати, тензии, меѓусебни обвинувања, поделби зад кои се инсталираше корупциски аждер за кого овие таканаречени теми од национален интерес беа извонреден параван зад кој спокојно се пљачкаше државата.

Исправени сме пред ново искушение, овој пат во односите со Бугарија. Зрела јавност и политичка елита би требало да биде способна да учи од грешките од минатото кога веќе не одговара за нив. Одлагањето на уставните промени како што гледаме ги активира се поинтензивно различните деструктивни политички структури во Бугарија да ја дигнат тензија до ниво во кое повторно ќе може да го активираат ветото.

Да бидеме на чисто, од целата галама конципирана во онаа декларација на бугарското собрание во кое се бараше сè и сешто за да се деблокира нашата интеграција, официјална Софија со преговарачката рамка која ни ја понуди Брисел доби само промена на нашиот Устав и вклучување на Бугарите во него. Тапкањето во место под диктат на тензијата која влијателни политичка кругови во Софија постојано ќе ја потхрануваат може навистина да доведе во ескалација по која Софија ќе истапи со нови барања. Софија купува време. Наредната 2024, ЕУ влегува во изборен циклус кога либералните партии ќе станат многу повоздржани во однос на проширувањето соочени со заканата на популизмот во земјите членки.

Наместо разговор за тоа каде, што прави и како е Џамбаски и други политички примитивци нам ни е потребно итно обединување околу дебата за воздухот кој го дишеме, за инфраструктурата во која живееме, за здравствениот систем во кој се лечиме. Ова се темите на нашиот идентитет и просперитет кои би требало да дојдат на дневен ред во преговарачкиот процес. Се друго е губење на нови децении , нови генерации, нови жртви и пљачки на јавните добра.

Историјата не е простор за живеење туку поука за тоа како да се живее.


 

Бугарија ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.