Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колку сме вкупно население – денеска официјално ќе биде презентирано во Филхармонија

0
By Ivana on March 30, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Резултатите од пописот кој се спроведе од во септември минатата година, а во дијаспората се спроведуваше од април до септември лани, ќе бидат објавени денеска, а според првичните резултати во Македонија живеат над 1,8 милиони граѓани.

Првиот сет на податоци што ќе биде објавен денеска, ги опфаќа податоците за вкупното резидентно население, вкупното нерезидентно население, пол, возраст, етничка припадност, вероисповед, мајчин јазик и јазик кој вообичаено се зборува во домаќинствата, број на станови и број на домаќинства, а во месеците што следат ќе бидат објавувани сетови на податоци за образовните и економските карактеристики на населението, за становите, за домаќинствата и така натаму.

Изминативе денови имаше неколку медиумски овјави за бројот на население претставен само преку односот на процентот на Македонци и Албанци иако со пописот по две децении ќе имаме и прецизен приказ на бројот на жителите во населените  места особено откако е јасно дека државата изгубила околу 10 проценти од населението кое што живее на територијата на Македонија.

Настанот на кој ќе бидат презентирани резултатите од пописот, како што соопшти Државниот завод за статистика, а на презентацијата ќе се обратат директорот на ДЗС Апостол Симовски, заменик-директорот Илми Селами и меѓународниот експерт од Словенија, Данило Доленц.

Се очекува присуство на премиерот Димитар Ковачевски, на членови на Владата, на претставници на дипломатскиот кор во Северна Македонија, претставници на агенции, институции и организации, како и делегации на статистичките заводи и институти од  регионот и пошироко, велат од ДЗС.

Како што беше објавено по завршувањето на пописот, во текот на операцијата се попишани вкупно 1.832.696 лица, 568.175 домаќинства и  837.255 станови.

Од ДЗС тогаш информираа дека, со примена на комбиниран пописен метод  и со користење на новите техничко-технолошки алатки, се овозможи ефикасно следење на попишувањето и опфатот на единиците на попис на терен. Изразено во проценти, 91 отсто од објектите за живеење биле предмет на попис, а 9 отсто се објекти што не беа предмет на попис.

 

 

Во Македонија последен попис се одржа во 2002-ра година. Пописот во 2011-та беше прекинат откако тогашните коалициони партнери Никола Груевски и Али Ахмети направија договор и го прекинаа.

За тој попис која “изгоре” околу 8 милиона евра народни пари беше отворена истрага во СЈО, но нема обвинети.

Дополнително поради короната беше откажан пописот пролетта 2020-тата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025
ФОКУС

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

ВЕСТИ October 21, 2025

Европските земји во соработка со Украина изработуваат предлог од 12 точки за запирање на војната,…

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025
ТИКЕР

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.