Лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушилин, денеска изјави дека украинските команданти во челичарницата „Азовстал“ во Мариупол не се меѓу оние кои денеска го положија оружјето и се предадоа.
И сепаратистите и руското Министерство за одбрана соопштија дека се предале 959 бранители на „Азовстал“. Некои беа пренесени во болниците, но повеќето беа однесени со автобуси во поранешна казнена колонија во сепаратистичкиот регион.
„Во моментот ги нема највисоките команданти. Тие не се меѓу предадените војници“, рече Пушилин за медиумите од Доњецк.