Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисијата потврди: Ќе се укинат сертификатите само за влез во моловите

0
By Biljana on March 2, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комисијата за заразни болести ќе препорача укинување на ковид сертификатите за влез во моловите. 

Ова го потврди претседателот на Комисијата, др Александар Петличковски кој рече дека укинувањето на ковид сертификатите за влез во моловите е чекор во насока на олеснување на рестриктивните мерки.

„Ова е еден чекор во насока на олеснување на рестриктивните мерки, но ќе бидеме многу внималелни во следниот период бидејќи не сакаме да постигнеме негативен ефект. Размислуваме и разговараме како полесно да стигнеме до целосно олеснување на рестриктивните мерки“, рече Петличковски.

Мерката нема да важи за влез во угостителските објекти, велат од Комисијата, додавајќи дека мерките ќе се укинуваат постепено со цел да не се влоши епидемиолошката состојба.  Ковид сертификати ќе бидат потребни и за влез во одделите за храна кои се наоѓаат во моловите, бидејќи таму, според епидемиолозите сепак се вадат маските.  

НоваТВ од извори во Комисијата за заразни болести дознава дека на денешниот состанок се водела бурна дебата околу оваа тема. Членовите на Комисијата, која од неодамна работи во проширен состав, ги судриле аргументите „за“ и „против“ ваквата одлука. Сега, Комисијата препораката ќе ја достави до Министерството за здравство, Кризниот штаб и Владата.

Во Комисијата денеска не се разговарало за укинување на маските во училиштата. 

Во меѓувреме, граѓански здруженија и група граѓани преку социјалните мрежи се организираат во сабота да излезат на мирен протест против мерката за задолжителен сертификат за влез во моловите и угостителските објекти, бидејќи сметаат дека со појавата на сојот омикрон, кој полесно и побрзо се шири, мерката е неиздржана и не дава ефект.

Минатата недела, на состанокот на Комисијата за заразни болести беше донесена одлука до Владата да се препорача укинување на мерките за излез од државата, односно неопходниот негативен ПЦР тест или потврда за вакцинација или прележан вирус. Истовремено беше договорено да се препорача укинување на мерката бремените жени да бидат ослободени од работа.

Комисијата за заразни болести на еден од последните состаноци исто така препорача сетрификатот за прележан Ковид-19, наместо 45 дена да трае 180 дена. 

Овие мерки се уште не добиле зелено светло од Владата. Владините портпароли на прашање на НоваТВ велат дека препораките на Комисијата за заразни болести донесени на претходните состаноци, прво треба да бидат одобрени од Кризниот штаб, а се надеваат дека во следните денови ќе бидат разгледувани и на Седница на Владата.

(Б.Божиновска)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.