Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисијата за заразни болести предложи бремените да се вратат на работа, а за излез од државава укинување на тест и сертификат

0
By Ivana on February 23, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Две мерки вчера предложи Комисијата за заразни болести кои се однесуваат на укинување на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата и укинување на ослободувањето од работа за бремените жени.

По одржаниот состанок Комисијата, како што образложи на прес-конференција нејзиниот портпарол Злате Мехмедовиќ, ги доставила предлозите до министерот за здравство, а потоа тие треба да се проследат до Генералниот координативен кризен штаб и до Владата.

Во врска со првата мерка која се однесува на укинувањето на задолжителното поседување негативен ПЦР тест или потврда за прележаност или вакцинација при излез од земјата, д-р Мехмедовиќ рече дека тоа не значи дека во земјите каде ќе биде потребно да се поседува ПЦР тест или КОВИД-сертификат дека сте вакцинирани или прележани дека таму нема да се бараат, туку напротив дека при излез од земјава онаа мерка што беше воведена во текот на минатата година дека треба да се поседува или да се покаже на нашите гранични органи, таквата мерка се укинува.

 

Одговарајќи на новинарски прашања тој истакна дека за бремените жени досега беше мерката оти може да бидат ослободени од работа, но таа се укинува согласно препораките од релевантна институција и од примерите од светот во кои се препорачува жените кои планираат бременост, се бремени или дојат да се вакцинираат и на тој начин да го заштитат своето здравје.

– Препораките во светот се дека може да се вакцинираат и дека е безбедна вакцинацијата за бремените жени и дека е препорачлива и не само што е безбедна за да можат да бидат побезбедно нивното здравје не само да е поврзано со работниот процес, туку и генерално со движењето низ популацијата. Препораките што ги кажавме се однесуваат на унапредување на здравјето на бремените жени. Доколку сакаат навистина да го заштитат своето здравје и здравјето на своите деца тогаш најлогичното објаснување е дека треба да бидат вакцинирани, додаде д-р Мехмедовиќ.

Во наредниот период, посочи тој, треба да очекуваме дека ќе се стабилизира епидемиолошката ситуација во државата и оти веќе се наоѓаме во надолна крива на епидемиолошката состојба.

Во однос на тоа дали треба да има дополнително укинување односно укинување на генералните препораки за спречување на трансмисија на вирусот или мерки, Комисијата, појасни Мехмедовиќ, остана на ставот дека вакцинацијата во нашата држава изнесува 41 процент, зборуваме за две примени дози и дека е премногу низок опфатот со вакцинација за да се размислува во насока да има укинување на некои од мерките кои би спречиле и кои спречуваат трансмисија на вирусот.

– Според заклучокот на Комисијата, тоа што беше денеска дискутирано е дека се уште се наоѓаме во широка трансмисија на вирусот на локално ниво и дека укинувањето на која било од актуелните мерки вклучувајќи ги и сертификатите може да доведе до влошување на епидемиолошката состојба и повторно преполнување на болничките капацитети или на амбулантите, рече Мехмедовиќ, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој рече дека засега не гледаат разлика во клиничката слика кај пациентите со Ковид-19.

– Согласно последните информации се уште доминантен БА1 варијантата на Омикрон и се уште немаме соберено доволно податоци кои ќе одговорат на тоа дека има некаква разлика во клиничката слика БА2 варијантата во однос на БА1 варијантата. Ги следиме искуствата што се во светот кои треба да ни укажат на тоа ако има какви било разлики во однос на третманот или постапувањето или дијагностиката кога се двете варијанти во прашање да ги имплементираме ако може што е можно побрзо, додаде Мехмедовиќ.

Во врска со скринингот што се спроведува во основните училишта тој посочи дека од 800 тестирани ученици, само осум биле позитивни на коронавирусот.

– Скринингот во училиштата сè уште не е целосно завршен. Треба да ја имаме онаа бројка која ја ветивме на почеток, репрезентативен примерок од 1800 или 2000 испитаници. Интересот беше голем. Околу 5.000 родители доставија согласност за тестирање на нивните деца. Иницијалните информации укажуваат на тоа дека во овој момент од 800 тестирани деца, само осум биле регистрирани како позитивни, рече Мехмедовиќ, кој потенцира дека за да се има репрезентативност на податоците треба да заврши скринингот на предвидената бројка, утврдена со методологијата на Комисијата за заразни болести.

 

Нагласи дека неделава има тренд на намалување на заразени во сите старосни групи, меѓу кои и во онаа на деца од шест до 14 години, во која минатата недела имаше зголемување на трансмисијата.

– Зголемувањето на бројките кај деца од шест до девет и 10 до 14 години, беше аларм за да ги активираме овие секундарни контролни механизми да видиме дали има повисока трансмисија на вирусот во училиштата. Но, како што веќе кажав, има тренд на намалување на бројките во сите старосни групи, па и во оваа. Малиот број на заразени ученици не мора да се должи само на трансмисијата во училиштата, туку и на актуелниот тренд на намалување на бројките во сите старосни групи, рече Мехмедовиќ.

Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје, при направени 3506 тестови во претходното деноноќие регистрирани се нови 848 КОВИД-случаи од кои 116 се реинфекции, 11 починати и 1369 оздравени пациенти. Активни се 5775 случаи во државава од кои најголем број 3156 се во Скопје.

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје покажува дека во периодот од 14 до 20 февруари регистрирани сe 6 119 нови позитивни ковид случаи, што е за 29,2 отсто помалку во однос на претходната недела. Процентот на позитивност се движи од 16,7 проценти до 31,1 процент, просечно 25,8 процент.

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 8 797 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 863 реинфекции, со намалување за 29,8 проценти во однос на претходната недела. Пријавени се 106 смртни случаи во 23 градови, за 27,9 проценти помалку во однос на претходните седум дена.
Во „Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика“ при ИЈЗ, во текот на изминатата недела, кај 49 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите е направено PCR тестирање за детекција на Омикрон сојот. Во 29 (59,2 проценти) од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон. Во 20 (40,8 проценти) од испитуваните примероци е докажана BA.2 сублинијата на Омикрон – позната уште и како „stealth“.
Заклучно со 20 февруари во земјава вакцинирани се вкупно 869 763 лица со барем една доза на вакцина против КОВИД-19. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 848 573 лица, а со трета доза се вакцинирани 140 455 лица.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

ВЕСТИ November 4, 2025

И покрај тоа што го смени името во 2019 година за да го реши спорот…

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.