Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисиска расправа за Предлог-буџетот: Бесими најавува забрзување на економскиот раст

0
By Ivana on November 15, 2021 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во 2022 година економскиот раст во земјата се очекува да се забрза и да изнесува 4,6 отсто, бруто-инвестициите да се зголемат за 8,5 проценти на реална основа и да бидат значаен фактор за растот, додека потрошувачката се очекува да се зголеми за 3,1 отсто, рече денеска министерот за финансии, Фатмир Бесими пред собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Бесими кој пред членовите на Комисијата го образложува Предлог-буџетот за 2022 година, истакна дека се очекува годивата да ја завршиме согласно проектираниот раст на БДП од 4,1 отсто со можност за негово надминување.

-Во 2022 година ќе имаме развоен буџет. Неговите четири основни цели се: продолжување на грижата за заштита на здравјето на населението, економско заздравување и забрзување на растот, зголемување на инвестициите при истовремено спроведување на фискална консолидација, како и непречено финансирање на основните функции на државата и поддршка за реформите во правосудството и евроатланските интеграции. Поткрепа на остварување на целите од Буџетот во 2022 година се и донесените стратешки документи со среднорочна рамка од 2022 до 2026 година, како Фискалната стратегија, Стратегијата за јавен долг, Планот за фискална одржливост и економски раст, Планот за забрзан економски раст, Планот за јавни инвестиции, Програмата за економски реформи и др. Во насока на инклузивно креирање на политиките, ги вградивме и препораките за политиките и реформите од конференциите, дебатите и настаните на Skopje Economic Finance Forum, напомена Бесими.

Вкупните расходи се планирани на 272,4 милијарди денари или 35,2 отсто од БДП, додека вкупните приходи се планираат на 238,9 милијарди денари или 30,9 отсто од БДП, при што дефицитот се планира на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 проценти од БДП, кои, како што потенцира Бесими, единствено ќе се користат за поддршка на позначителниот дел од капиталните инвестиции кои изнесуваат 37,8 милијарди денари, а остатокот ќе се финансира од сопствени приходи.

-Вкупните приходи на Предлог-Буџетот за 2022 година се планирани на 238,9 милијарди денари и се за 7,4 проценти повисоки од проценетите приходи годинава. Само кај даночните приходи за 2022 година кои се планирани во износ од околу 136,5 милијарди денари има зголемување за 10,2 отсто во однос на 2021 година, а при тоа сакам да истакнам дека имаме воведено втора повластена стапка од 10 проценти и повластена стапка на ДДВ за електричната енергија за домаќинствата. Главната цел на даночната политика е обезбедување одржлив економски раст и развој притоа обезбедувајќи правна сигурност за даночните обврзници и редовна наплата на јавните приходи, рече Бесими.

Вкупните расходи се проектирани на 272,4 милијарди денари и има номинално зголемување за само 1,4 отсто од годинава или за 3,7 милијарди денари. Сепак, вкупните буџетски расходи се пониски како процент од БДП.

-Тековните расходи за 2022 година се планирани во износ од 234,6 милијарди денари и се за два отсто помалку во однос на планот за 2021 година или за 4,3 милијарди денари помалку. Со намалувањето на несуштинските расходи, како и со воведувањето на стандарди на трошење се постигнува поефикасно користење на ресурсите за работа преку подобрено планирање и реализација на оперативните расходи. Расходите за исплата на плати се на ниво од 32,7 милијарди денари. Остануваме на определбата за оптимизација на администрацијата преку контрола на новите вработувања, како и подобрување на квалитетот на живот на вработените и зголемување на мотивот за професионално, квалитетно и целосно исполнување на работните задачи, рече министерот.

Расходите за стоки и услуги се проектирани на ниво од 20,6 милијарди денари, додека субвенциите се планирани на ниво од 24,4 милиони денари. Социјалните трансфери, пак, ќе бидат 124,5 милијарди денари.

-Развојната компонента на Буџетот се гледа преку зголемените средства за капитални расходи за околу 27 отсто во однос на 2021 година или 8 милијарди денари повеќе се предвидени во 2022 година за капитални проекти. Капиталните расходи следната година се планираат на ниво од околу 37,8 милијарди денари. Ќе бидат наменети за интензивирање на реализацијата на инфраструктурните проекти, односно за инвестициски вложувања во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството, подвлече Бесими.

Во експозето, тој се осврна и на реализацијата на Буџетот од 1.01 2021 до 31.10.2021 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
ФОКУС

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

ВЕСТИ September 26, 2025

Македонија, Косово и Молдавија се најдоа меѓу земјите кои бележат најголем пад на населението во…

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025

Лавров: НАТО и Европската Унија се во војна со Русија

September 26, 2025

Трамп потпиша извршна уредба за продажба на ТикТок

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.