Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комората до Берзата – послушајте го гласот на бизнисот

0
By Ivana on December 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првичната иницијатива е испратена од Стопанската комора на Северна Македонија на ден 3.11.2021 година во која покрај одложувањето на примената, се наведува дека процесот на донесување на Кодексот е спроведен без консултација на бизнис заедницата.

Одговор од Македонска берза АД Скопје е добиен на 15.11.2021 година во кој наведуваат дека постојната временска рамка за почеток на примена на Одлуката за измени и дополнувања на Правилата за котација на Македонска берза, донесена од страна на Одборот на директори на Берзата на 20.09.2021 година, и новиот Кодекс за корпоративно управување на котираните друштва на Берзата не треба да се менува и дека процесот на донесување на кодексот бил транспарентен и во консултација на котираните друштва.

На овој допис, Стопанската комора на Северна Македонија повторно одговара, но овој пат, со иницијатива потпишана од страна на самите котираните друштва кои имаат обврска за негова примена. Во иницијатива самите компании своерачно потпишани апелираат, укажуваат и бараат одложување на неговата примена од пролетта 2023 година, односно со вградување на соодветната Изјава во годишните извештаи за работа за 2022 година. Компаниите со своето потпишување на заедничка иницијатива, го потврдуваат фактот дека консултација со бизнис заедницата во делот на почеток на нејзината примена не е извршена и укажуваат дека работат во исклучително тешки услови на стопанисување, во услови на здравствената, економската и енергетската криза, која наметнува огромни активности и дејствиа насочени кон одржување на нивната деловна активност, односно насочена кон одржување и зголемување на нивната конкурентност, продуктивност, настап на странски пазари и сл. и повеќе од потребно е да им се овозможи и излезе во пресрет на оваа иницијатива.

Стопанската комора на Северна Македонија, како најголема бизнис асоцијација во Република Северна Македонија во функција на застапување на интересите на членовите веќе еден месец и половина, со две иницијативи упатени до Македонска берза АД Скопје укажува, бара и посочува на неодложната потреба од одложување на примена на Одлуката за измени и дополнувања на Правилата за котација на Македонска берза и на Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза АД Скопје кои се објавија и стапија на сила од 26.10.2021 година и нивната примена да отпочне од пролетта 2023 година со вградување на соодветната Изјава во годишните извештаи за работа за 2022 година.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
ФОКУС

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

ВЕСТИ September 30, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху негираше дека го прифатил принципот на палестинска држава денеска откако претседателот…

Палестинската управа го поддржа мировниот план на Трамп и вети реформи

September 30, 2025

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

September 29, 2025

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.